Прва женска фудбалска лигаФудбал

Пелистер ќе го предизвикува шампионот Скопје, Тиверија Брера го пречекува Истатов, „рударките“ големи фаворити за трите бодови

Сподели
Сподели

Осмото коло на Првата женска фудбалска лига носи натпревари со изразити фаворити, но и натпревар каде ќе се бара враќање на победнички патеки, освојување на бодови со кои би можело да има прогрес на табелата.

Колото се отвара во сабота со еден натпревар – Тиверија Брера во Струмица ќе го пречека Истатов, дуел во кој домаќинот ќе сака да го заборави брзо големиот пораз во претходното коло и ќе бара враќање на победничките патеки, а пак гостинската екипа е во ситуација во Струмица да бара излез од резултатската криза по петте порази во низа.

Во недела Каменица Саса како изразит фаворит ќе гостува кај Кочани со што „рударките“ не би требало да имаат проблем да ги освојат трите бодови.

Шампионот Скопје на домашен терен ќе има вистински тест против Пелистер, кој е вистинско изненадување и бележи големи резултати и ќе сака да направи изненадување и во Пржино.



Љуботен како фаворит на домашен терен ќе го пречека АС Јунајтед од Стурга. Домаќинот со победа би можел избие на врвот, ако Скопје направи „кикс“, од друга страна стружанки се надеваат на три бода, за да може да го фатат приклучокот за топ пет.

Речица на домашен терен ќе игра со Вардар, тоа ќе биде меч во кој и двете екипи ќе бараат втора сезонска радост и три бодови со кои би фаќале приклучок кон шестото место на табелата.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Подготвени сме за натпреварот против Швајцарија

Репрезентацијата до 19 години на стартот од турнирот што се одржува во Македонија освои бод откако во првото коло играше без голови во...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Репрезентацијата на Македонија до 21 година поразена во Нови Сад од Србија

Младата репрезентација на Македонија до 21 година претрпе пораз од Србија, 2:0 во пријателскиот натпревар одигран во Нови Сад. Избраниците на Александар Таневски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Две кола до зимската пауза, пет екипи под притисок — кој може да се оддалечи од опасната зона?

Репрезентативната пауза ја затекнува борбата за опстанок во Втората лига со четири...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера преку Истатов во полуфиналето, Ана Димитровска со четири гола го потона Кочани, домашни победи за Пелистер и Љуботен

Без изненадувања во Купот на Македонија во женска конкуренција, фаворитите лесно обезбедија...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!