Турнири

„Куклиш 2024“: Герасов и Дрвош во големото полуфинале – двата натпревари решени на пенали!

Сподели
Сподели

Екипата на Герасов вечерва се избори за пласман во големото полуфинале на Новогодишниот турнир во мал фудбал „Куклиш 2024“, откако преку пенали славеше над Гала Бау Роко Виери.

Во регуларниот дел резултат беше 2:2, двоен стрелец за победничката екипа беше Филип Неделковски, а пак за поразениот тим стрелци беа Насаф Шабанов и Аделин Кезимов.

Во пенал серијата тимот на Герасов беше подобар и со 2:0 во пенал-рулетот патува во големото полуфинале.

Во вториот меч патникот за полуфиналето одново се рашаваше преку пенал серијата, откако ФК Дрвош и Еклектик одиграа 2:2 во регуларниот дел. За тимот на Дрвош стрелци беа Ѓорги Трајков и Димче Манчев, а за тимот на Еклектик стрелци беа Тони Мичковски и Славче Митовски.

Утре на програмата ќе бидат останатите два четвртфинални натпревари, од 20:00 часот ќе се соочат СВР Струмица против Винарија Здравко , додека пак од 21 часот ќе се сретнат екипите на Вистони ЖП против Христмил Банско.

Спонзори и помагатели на „Куклиш 2024“ се Општина Струмица, Еклектик, Лав Комерц, Јови-МК, Никола Црнкаров, Агро-Драв-ВД, Едисон Јосе, Фреш Енд Драј, Криго-Каес, НП-Транс, Бимакс-Плус, Вен Воцар, Икарус, Стариот Џумбушлија, Христмил-Банско, Тера Пет Плус, Владо Банско, Печатница Дељо, Токи Еднокуќево, Термо-Митко и Флекс Компани.

Спортска Мрежа е медиумски покровител на овој спортски настан.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Шампион немоќен против Текстилец, но Давид Јовчевски постигна 18 гола!

Екипата на Текстилец со убедливи 36:48 славеше на гостински терен кај тимот на Шампион во рамки на 13. коло на Првата ракометна лига,...

ФудбалЧетврта лига

ФК Интер Кукла го оживува духот на Куклиш – „Стари vs. Млади“ ќе го обедини сето фудбалско семејство

Во Куклиш владее вистинска фудбалска еуфорија пред големиот пријателски спектакл што го организира ФК Интер Кукла. На 14 декември (недела), клубот ќе биде...

Поврзани написи
Турнири

ВИДЕО: Пролетер со лото победа, Клик Гевгелија со десет гола ја „разнесе“ Десива Транспорт

Вечерва започна овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ со...

Турнири

ВИДЕО: Стефан Ристов најдобар играч, Детонит Плачковица блесна на „Football Winter Mini Cup 2025“ во Богданци

Младите таленти на радовишки Детонит Плачковица од генерациите 2014 и 2015 имаа...

Турнири

ФОТО: Силна конкуренција на „Стојаково 2025“ – вечерва започнува фудбалската магија!

Овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ ќе биде неизвесно,...

Турнири

Пријавувањето за турнирот „Стојаково 2025“ влегува во финиш – побрзајте!

Традицијата продолжува, а интересот расте – остануваат уште само две дена до...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!