Ракомет

Богданци се мобилизира: Салата „Млаз“ вечерва ќе биде исполнета до последното седиште!

Сподели
Сподели



Богданци повторно живее за ракометот! Вечерва спортската сала „Млаз“ ќе биде епицентарот на ракометните случувања, бидејќи Младост го игра првиот домашен натпревар како повратник во Супер лигата во новата сезона. Противник е Прилеп, а интересот за овој дуел е огромен.

Атмосферата во Богданци е на највисоко ниво. Градот ги живее деновите кои потсетуваат на најубавите времиња од минатото, а најмалиот град на македонската ракометна суперлигашка карта повторно пулсира во знакот на елитниот ракомет. Се очекува „Млаз“ да биде исполнет до последното седиште, со верните „Фаланги“ на трибините, но и со голем број љубители на ракометот од Богданци и целиот Југоисток.

Салата во новата сезона доби и нов сјај, а вечерва треба да биде вистинска ракометна тврдина. Прилеп го очекува тежок предизвик и вистински „пекол“ на теренот, бидејќи „Млаз“ низ историјата важеше за едно од најнезгодните места за гостување. Во времињата кога Младост беше во самиот врв на македонскиот ракомет, се создаде и култната приказна дека кој ќе победи во Богданци – станува шампион на Македонија, односно салата беше место каде фаворитите за титулата мораа да минат низ исклучително тежок тест.

Од клубот деновиве работат и на сите детали околу организацијата. Претходно Спортска Мрежа информираше дека салата „Млаз“ има нов режим за влез. За сопствениците на сезонски и дневни билети влезот ќе биде дозволен исклучиво преку Главниот влез, кој се наоѓа на северната страна од салата, додека носителите на ВИП билети ќе влегуваат само преку службениот Влез 2, на западната страна.

При контролата од обезбедувањето ќе биде забрането внесување пијалоци во шишиња и лименки, како и метални предмети, кои ќе бидат одземани. Во лоби-просторот на салата ќе има отворен шанк од каде посетителите ќе можат да купат освежителен пијалак кој ќе се точи во чаша.

Клубот испрати и известување до транспортните компании и превозниците во врска со организацијата на паркинг-просторот околу салата. Од нив е побарано возилата кои се паркирани на означените површини да бидат дислоцирани во сабота, најдоцна до 17:00 часот, за просторот да може да се искористи за паркирање на возилата на навивачите и граѓаните кои ќе пристигнат на натпреварот. Целта е да се обезбедат доволно паркинг-места, непречено движење на возилата и подобра организација и безбедност околу салата, со што Богданци ќе може на вистински начин да ја дочека ракометната елита.



А вечерва, покрај ракометарите на Младост и нивните верни навивачи, своја екипа во Богданци ќе има и Спортска Мрежа. Ќе ја следиме средбата од „Млаз“ и ќе ја пренесеме целата атмосфера од трибините, случувањата околу салата и ракометниот спектакл кој Богданци со нетрпение го очекува.

Богданци е мобилизиран. „Млаз“ е подготвен. Ракометот се врати таму каде што секогаш имал посебно место! Вечерва во 19:30 часот стартува натпреварот меѓу Младост и Прилеп.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РакометРакометна репрезентација

Лазаров пред нов предизвик: Можно е да ја преземе и младинската репрезентација!

Македонскиот ракомет би можел да добие интересна селекторска комбинација пред Светското првенство за ракометари до 21 година, кое следното лето ќе се одржи...

Ракомет

Охрид е прв фаворит во ЕХФ Европскиот Куп, Алкалоид веднаш зад водечката тројка!

Европската ракометна федерација ги објави проценките за силата на 64-те екипи кои продолжуваат во ЕХФ Европскиот Куп, пред натпреварите од второто коло. Македонските...

Поврзани написи
РакометРакометна репрезентација

Лазаров пред нов предизвик: Можно е да ја преземе и младинската репрезентација!

Македонскиот ракомет би можел да добие интересна селекторска комбинација пред Светското првенство...

Ракомет

Охрид е прв фаворит во ЕХФ Европскиот Куп, Алкалоид веднаш зад водечката тројка!

Европската ракометна федерација ги објави проценките за силата на 64-те екипи кои...

Ракомет

Голема борба и драматичен финиш, но Вардар загуби со еден гол во Полска

Ракометарите на Вардар 1961 доживеаја нов пораз во Лигата на шампионите, откако...

Ракомет

Алкалоид ја наостри формата пред европското деби, Струга немаше одговор на налетот на домаќинот

Ракометарите на Алкалоид со убедливо издание ја потврдија фаворитската улога против Струга...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!