Есенскиот шампион во Трета лига – Север, екипата на Шкендија Арачиново за пролетната полусезона се засили со младиот и талентиран фудбалер, Фикрет Љиварека, кој во Арачиново доаѓа од редовите на второлигашот Осогово од Кочани.
Љиварека со амбициозниот третолигаш потпиша шестмесечен договор со можност истиот да биде продолжен, а клубот верува дека Ливарека ќе внесе квалитет и нова енергија во средниот ред на тимот.
19-годишникот ги има поминато младинските репрезентации на Македонија до 17 години, до 18 години и до 19 години. Фудбалски тој потекнува од ФК Скопје, а настапуваше и за кочански Осогово.
Шкеднија Арачиново има солидарна предност на полусезона и во пролетниот дел треба само да го потврди првото место и со тоа да го обезбеди баражот кој води кон Втора лига.