Ракомет

Три причини зошто во сабота треба да бидете во салата „Млаз“ во Богданци

Сподели
Сподели

Младост се врати во Суперлигата, а по ремито 30:30 против Бутел во Скопје, во сабота од 19:30 часот го игра првиот домашен натпревар против Прилеп.

Ако се двоумите дали да бидете во салата „Млаз“, еве три добри причини:

  • РЕКОНСТРУИРАНА САЛА „МЛАЗ“

Спортската сала „Млаз“ доби ново ракометно руво! Комплетно се реновирани соблекувалните, саниран е подот, уредени се влезовите и трибината, а повторно е ставен во функција и стариот влез за посетителите.

За сите оние кои имаат сезонска и дневна карта, во сала ќе можат да влезат само од Главен влез (северна страна на салата). Сите оние кои имаат ВИП карта во сала ќе можат да влезат само преку службен Влез 2 (западна страна од сала).



Во холот ќе ве очекува шанк со освежителни пијалаци, а посебно внимание привлекува галеријата на РК Младост и ЖРК Млаз.

Таму ќе можете да ги видите пехарите, фотографиите и дел од историјата на двата клуба, кои во минатото го претставуваа Богданци и на европската ракометна сцена. Идеална шанса да се запознаете со историјата на клубот.

  • АТМОСФЕРАТА ВО „МЛАЗ“ Е ПОСЕБНА!

Кој првпат ќе дојде во Богданци, ќе види зошто салата „Млаз“ со години важи за една од најжешките ракометни арени.

Полна сала, верна публика и „Фалангите“ на трибините.

Младост во минатото ја градеше репутацијата на вистинска домашна тврдина, место каде што гостите тешко освојуваа бодови, а сега повратникот во елитата сака повторно да ја врати таа атмосфера.



Кој ќе победеше во „Млаз“ стануваше шампион на Македонија – во салата во Богданци се решаваа шампионите на Македонија.

  • ЕЛИТЕН РАКОМЕТ ВО БОГДАНЦИ!

Во Богданци повторно ќе се игра и гледа суперлигашки ракомет, Младост е во елитата, Младост го враќа сјајот на минатото, а многумина од поранешните ракометари, тренери, навивачи ќе се присетат на славното минатото на клубот и настапите во Европа.

Дополнително, навивачите имаат можност да купат и сезонска карта и да ги следат сите домашни натпревари на Младост во текот на сезоната.

Југоистокот повторно живее за ракометот! Младост е единствениот суперлигаш не само од Југоистокот, туку и од целиот Исток на Македонија.

📍 Сала „Млаз“, Богданци
🗓️ Сабота
⏰ 19:30 часот
🤾‍♂️ Младост – Прилеп



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

По речиси една деценија повторно локално фудбалско дерби во радовишко – Готен и Слога ќе ги одмерат силите во Подареш!

По долги години пауза, радовишкиот фудбал повторно ќе добие локално дерби! Утре, во рамките на шестото коло од Општинската фудбалска лига – Струмица,...

Ракомет

Прилеп убедлив, Бутел славеше во последните секунди, Струга до важни бодови!

Десеттото коло во македонската ракометна Супер лига донесе различни сценарија на три терени – убедлива победа на Прилеп, драматичен триумф на Бутел Скопје...

Поврзани написи
Ракомет

Прилеп убедлив, Бутел славеше во последните секунди, Струга до важни бодови!

Десеттото коло во македонската ракометна Супер лига донесе различни сценарија на три...

Ракомет

Македонските клубови меѓу регионалната елита – Охрид со најцврста одбрана, Вардар и Пелистер во офанзивниот врв!

Првите два месеци од ракометната сезона 2026/27 донесоа позитивна слика за македонскиот...

Ракомет

Вардар го задржува својот чувар на мрежата – Валах останува до 2028 година!

Вардар 1961 продолжува да го гради тимот за иднината, а еден од...

Ракомет

Два европски меча, една цел – Охрид ја повикува публиката да ја исполни „Билјанини Извори”

Европската приказна на ГРК Охрид продолжува, а следната пречка на патот кон...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!