Ракомет

Вардар ослабен пред стартот во ЛШ: Урош Митровиќ ги пропушта првите четири меча

Сподели
ФОТО: Денис Дуковски
Сподели

Вардар со кадровски хендикеп ќе ја отвори новата сезона во Лигата на шампионите. На гостувањето кај Мелсунген, тренерот Иван Чупиќ нема да може да смета на Урош Митровиќ, кој ќе ги пропушти првите четири европски натпревари поради суспензија.

Српскиот бек не отпатува со екипата во Германија, а казната е последица на црвениот и синиот картон што ги заработи на реваншот со Монпелје во четвртфиналето на Европската лига минатата сезона.

ЕХФ му изрече суспензија од четири натпревари, а бидејќи Вардар тогаш ја заврши европската сезона, казната се префрли во новата. Митровиќ ќе ги пропушти дуелите со Мелсунген и Висла Плоцк на гости, како и домашните средби со Нант и Висла Плоцк.

За Вардар следува исклучително тежок старт, бидејќи Мелсунген минатата сезона ја освои Европската лига, а сега дебитира во Лигата на шампионите со големи амбиции.

Иако Вардар минатата сезона двапати го совлада германскиот тим – 37-33 во Скопје и 34-25 во Германија – Чупиќ веќе предупреди дека тие резултати не се реална слика. Мелсунген тогаш имаше проблеми со составот, а сега влегува комплетен и дополнително засилен.

Затоа, враќањето на Вардар во европската елита веднаш носи сериозен тест, и тоа без еден од важните играчи во бековската линија.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака ја „потопи“ Победа со десет гола во Прилеп, Балкан со „петарда“ во Свети Николе за Овче Поле

Екипата на Балкан се „прошета“ во Свети Николе откако во мечот од 2. коло на Втората футсал лига со 0:5 го декласираше Овче...

Кошарка

Феникс 2010 или Борец баскет – кој ќе остане со максимален ефект во Првата лига?

Третото коло во Првата македонска кошаркарска лига – мажи носи директна пресметка меѓу две екипи кои досега имаат максимален учинок. Феникс 2010 и...

Поврзани написи
Ракомет

Озтурк не го заборави Охрид: „Се чувствувам како да сум во својот втор дом!“

ГРК Охрид убедливо го отвори европскиот двомеч со Спор Тото, совладувајќи го...

Ракомет

Радовиш убедлив против Партизан во Гевгелија, десет гола на Васе Петров

Ракометарите на Радовиш забележаа нова победа откако во Гевгелија со 25:30 го...

Ракомет

ФОТО: Охрид со убедлива победа над Спор Тото ја започна одбраната на европската титула

Со убедлива победа Охрид ја започна одбраната на титулата во Европскиот куп...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!