Ракомет

Томовски блеска на стартот од сезоната: Македонецот е втор голман во Бундес лигата!

Сподели
ФОТО: SG BBM Bietigheim | facebook
Сподели

Мартин Томовски има одличен почеток на сезоната во Бундес лигата и по првите три кола се наоѓа веднаш зад лидерот според бројот на интервенции.

Македонскиот репрезентативен голман досега запиша 34 одбрани, со што е втор на листата. Пред него е само Давид Шпет од Рајн Некар Левен, кој има 35 интервенции.

Томовски уште на премиерата против Вецлар покажа дека ќе биде сериозен фактор, бранејќи 15 удари. Во следното коло против Кил додаде уште 12 одбрани, додека на последниот натпревар, во поразот на Битигхајм од Лемго (36-29), имаше седум успешни интервенции.

Со вакви бројки, македонскиот чувар на мрежата се најде пред голем број звучни имиња од германскиот ракомет, меѓу кои Волф, Буриќ, Гаде, Ебнер, Мелер, Раверсберген и Де Варгас.

Само една одбрана го дели Томовски од врвот, па македонскиот голман уште на стартот од сезоната се позиционираше во самиот врв на една од најсилните лиги во Европа.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака ја „потопи“ Победа со десет гола во Прилеп, Балкан со „петарда“ во Свети Николе за Овче Поле

Екипата на Балкан се „прошета“ во Свети Николе откако во мечот од 2. коло на Втората футсал лига со 0:5 го декласираше Овче...

Кошарка

Феникс 2010 или Борец баскет – кој ќе остане со максимален ефект во Првата лига?

Третото коло во Првата македонска кошаркарска лига – мажи носи директна пресметка меѓу две екипи кои досега имаат максимален учинок. Феникс 2010 и...

Поврзани написи
Ракомет

Озтурк не го заборави Охрид: „Се чувствувам како да сум во својот втор дом!“

ГРК Охрид убедливо го отвори европскиот двомеч со Спор Тото, совладувајќи го...

Ракомет

Радовиш убедлив против Партизан во Гевгелија, десет гола на Васе Петров

Ракометарите на Радовиш забележаа нова победа откако во Гевгелија со 25:30 го...

Ракомет

ФОТО: Охрид со убедлива победа над Спор Тото ја започна одбраната на европската титула

Со убедлива победа Охрид ја започна одбраната на титулата во Европскиот куп...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!