Ракомет

Вардар повторно меѓу европската елита: Мелсунген прв предизвик во Лигата на шампионите!

Сподели
ФОТО: РК Вардар
Сподели

По пауза од пет години, Вардар повторно ќе биде дел од најелитното европско клупско натпреварување. „Црвено-црните“ во четврток ја отвораат новата европска авантура со гостување во Германија, каде што за прв противник ќе го имаат Мелсунген.

Натпреварот од првото коло во групата Б ќе се одигра во Касел, со почеток од 20:45 часот. За Вардар ова ќе биде враќање на големата сцена, но стартот носи и сериозен предизвик, со оглед на квалитетот и составот на германскиот тим.

Двете екипи веќе имаат свежо меѓусебно искуство. Минатата сезона се сретнаа двапати во Европската лига, но Чупиќ очекува дека овојпат ситуацијата ќе биде поинаква, особено затоа што Мелсунген во новата сезона влегува со покомплетен ростер.

ФОТО: Денис Дуковски

Тренерот на Вардар, Чупиќ, посочи дека претходните дуели не можат да бидат вистинска мерка за она што ќе се случува во четврток, бидејќи сега на терен ќе излезат тимови во сосема поинакви околности.

„Нормално е дека сега ќе биде различно. Ова е сосема друго натпреварување и друг дел од сезоната. Кога игравме против нив минатата сезона, тие веќе имаа доволно бодови, а во тој период имаа и многу повредени ракометари. Сега се комплетни, а станува збор и за отворање на Лигата на шампионите. Затоа очекувам сосема поинаков натпревар.“

ФОТО: Денис Дуковски

Чупиќ во пресрет на премиерата во ЛШ се соочува и со кадровски проблеми. Вардар нема да биде во можност да настапи со најширокиот можен состав, што дополнително ја отежнува задачата против силниот германски ривал. Сепак, стратегот јасно стави до знаење дека очекува максимум од играчите кои ќе бидат на располагање.

„Ние во моментов сме во малку незгодна ситуација. Не се сите ракометари здрави и имаме одредени проблеми. Тешко дека на почетокот ќе можеме да настапиме со поширок состав. Го имаме тоа што го имаме, а потоа ќе видиме како ќе се развиваат работите. Секако дека би бил задоволен со победа. Со што друго би можел да бидам задоволен?“

Вардар во Германија ќе настапи и со релативно млад тим, а искуството од Лигата на шампионите не е нешто со кое располага поголемиот дел од ростерот. Чупиќ не сака тоа да биде алиби, туку очекува неговите ракометари да ја искористат шансата за докажување на највисоко ниво.

„Тешко е да се зборува пред почетокот и пред првиот натпревар. Вардар е млада екипа, условно кажано. Во сегашниот состав нема многу ракометари со искуство од настапи во Лигата на шампионите. Можеби само двајца или тројца имаат такво искуство, но не треба премногу да зборуваме за тоа. Се надевам дека добро ќе се подготвиме и дека ќе отпатуваме подготвени да се докажуваме. Нормално е Мелсунген да ја има фаворитската улога, но тие ќе треба да го покажат тоа на теренот. Ние, пак, треба да покажеме дека сме подготвени за Лигата на шампионите и за еден сериозен натпревар“, изјави Чупиќ.

ФОТО: Денис Дуковски

Така, Вардар, по петгодишна пауза повторно ќе ја почувствува атмосферата на Лигата на шампионите. Првата задача е исклучително тешка, но „црвено-црните“ во Касел ќе имаат можност уште на стартот да покажат дека заслужено се враќаат во европската елита.

Мелсунген ја има фаворитската улога, но како што вели Чупиќ — фаворитската позиција ќе треба да се потврди на теренот. За Вардар, пак, ова е шанса со силен настап да го најави своето враќање во друштвото на најдобрите.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

По речиси една деценија повторно локално фудбалско дерби во радовишко – Готен и Слога ќе ги одмерат силите во Подареш!

По долги години пауза, радовишкиот фудбал повторно ќе добие локално дерби! Утре, во рамките на шестото коло од Општинската фудбалска лига – Струмица,...

Ракомет

Прилеп убедлив, Бутел славеше во последните секунди, Струга до важни бодови!

Десеттото коло во македонската ракометна Супер лига донесе различни сценарија на три терени – убедлива победа на Прилеп, драматичен триумф на Бутел Скопје...

Поврзани написи
Ракомет

Прилеп убедлив, Бутел славеше во последните секунди, Струга до важни бодови!

Десеттото коло во македонската ракометна Супер лига донесе различни сценарија на три...

Ракомет

Македонските клубови меѓу регионалната елита – Охрид со најцврста одбрана, Вардар и Пелистер во офанзивниот врв!

Првите два месеци од ракометната сезона 2026/27 донесоа позитивна слика за македонскиот...

Ракомет

Вардар го задржува својот чувар на мрежата – Валах останува до 2028 година!

Вардар 1961 продолжува да го гради тимот за иднината, а еден од...

Ракомет

Два европски меча, една цел – Охрид ја повикува публиката да ја исполни „Билјанини Извори”

Европската приказна на ГРК Охрид продолжува, а следната пречка на патот кон...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!