Ракомет

Карапалевски пред Струга: „Со максимална концентрација верувам дека ќе стигнеме до првата победа!“

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

По големото дерби со Еурофарм Пелистер изминатиот викенд, ракометарите на Охрид ги очекува нов предизвик на домашен терен. Во рамки на второто коло од Супер лигата, „гладијаторите“ во сабота ќе го пречекаат тимот на Струга, во натпревар кој повторно ќе го врати големото „езерско“ дерби во центарот на вниманието.

Охриѓани во првото коло одиграа 28-28 против Еурофарм Пелистер, во натпревар со полни трибини и неизвесност до последната секунда, па сега пред својата публика ќе ја бараат првата победа во новата сезона. Од другата страна ќе биде Струга, која во новата сезона влегува со изменет и добро избалансиран состав, во кој има и искусни ракометари.

ФОТО: ГРК Охрид

Мартин Карапалевски смета дека Охрид ја има фаворитската улога, но нагласува дека тоа ќе мора да се потврди на теренот. За охридскиот среден бек, клучот до првиот триумф ќе бидат максималната концентрација, борбеноста и тимската игра.

„Играме против Струга, нов и добро избалансиран тим со искусни играчи. Ние сме фаворити, но тоа мора да го покажеме на терен. Со максимална концентрација, борбеност и тимска игра, верувам дека ќе стигнеме до првата победа сезонава и ќе се радуваме пред нашата публика на домашен терен”- изјави Карапалевски.

ФОТО: ГРК Охрид

Ова ќе биде дуел со посебна тежина и поради ривалството кое со години го носи „езерското дерби“. Струга сезонава има нов тим и амбиции, додека Охрид по ремито со Еурофарм Пелистер сака да продолжи со добрите настапи пред своите навивачи.

Се очекува „Билјанини Извори“ повторно да биде исполнета и да понуди атмосфера достојна за дерби. Во сабота од 19:00 часот, Охрид и Струга повторно ќе ги вкрстат копјата — за првите два бода и за престижот во македонскиот ракомет.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

По речиси една деценија повторно локално фудбалско дерби во радовишко – Готен и Слога ќе ги одмерат силите во Подареш!

По долги години пауза, радовишкиот фудбал повторно ќе добие локално дерби! Утре, во рамките на шестото коло од Општинската фудбалска лига – Струмица,...

Ракомет

Прилеп убедлив, Бутел славеше во последните секунди, Струга до важни бодови!

Десеттото коло во македонската ракометна Супер лига донесе различни сценарија на три терени – убедлива победа на Прилеп, драматичен триумф на Бутел Скопје...

Поврзани написи
Ракомет

Прилеп убедлив, Бутел славеше во последните секунди, Струга до важни бодови!

Десеттото коло во македонската ракометна Супер лига донесе различни сценарија на три...

Ракомет

Македонските клубови меѓу регионалната елита – Охрид со најцврста одбрана, Вардар и Пелистер во офанзивниот врв!

Првите два месеци од ракометната сезона 2026/27 донесоа позитивна слика за македонскиот...

Ракомет

Вардар го задржува својот чувар на мрежата – Валах останува до 2028 година!

Вардар 1961 продолжува да го гради тимот за иднината, а еден од...

Ракомет

Два европски меча, една цел – Охрид ја повикува публиката да ја исполни „Билјанини Извори”

Европската приказна на ГРК Охрид продолжува, а следната пречка на патот кон...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!