Ракомет

Јанковски: Публиката ќе биде нашиот осми играч, верувам во победа против Прилеп

Сподели
Сподели



Младост од Богданци со реми се врати во Супер лигата откако одигра 30:30 против Бутел во Скопје, во рамките на првото коло. Меч во кој тимот од Богданци имаше свои моменти и за триумф, но на крај тимот на Горан Андоновски тргна со бод во новата сезона.

Пред тимот од Богданци следува нов предизвик, на домашен терен против Прилеп каде ќе се бара триумф. Новото засилување на Младост, Славе Јанковски, во изјава за Спортска Мрежа вели дека се задоволни од ремито, но дополнува дека имале шанса и за победа.

„Задоволни сме од ремито, иако имавме шанса и да победиме, но на гости е секогаш многу тешко да се победи екипа како Бутел, која е искусна. Имавме повеќе технички грешки, но тоа ќе се поправи, екипата е уште нова и се воигруваме. Задоволни сме дека покажавме карактер, не се предадовме и на секој натпревар одиме на победа“, вели Јанковски за Спортска Мрежа.

Јанковски кој оваа лето пристигна од Радовиш во тимот на Младост, дополнува дека атмосферата во тимот е фантастична.

„Ни следува првиот домашен меч, каде публиката ќе биде нашиот осми играч, атмосферата е моментално одлична и се подготвуваме максимално за победа“, дополнува новото засилување на Младост.

Според Јанковски, пред неговиот тим е тежок натпревар, но се надева на победа со поддршката од верната публика.

„Не’ очекува тежок натпревар со Прилеп во кој што ќе решаваат нијанси. Прилеп е исто така многу искусна екипа со добри играчи, но сепак играме на домашен терен и со поддршка од публиката мислам дека ќе победиме“, ни изјави Јанковски.

Натпреварот меѓу Младост и Прилеп се игра во салата „Млаз“ во Богданци, в сабота од 19:30 часот.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

По речиси една деценија повторно локално фудбалско дерби во радовишко – Готен и Слога ќе ги одмерат силите во Подареш!

По долги години пауза, радовишкиот фудбал повторно ќе добие локално дерби! Утре, во рамките на шестото коло од Општинската фудбалска лига – Струмица,...

Ракомет

Прилеп убедлив, Бутел славеше во последните секунди, Струга до важни бодови!

Десеттото коло во македонската ракометна Супер лига донесе различни сценарија на три терени – убедлива победа на Прилеп, драматичен триумф на Бутел Скопје...

Поврзани написи
Ракомет

Прилеп убедлив, Бутел славеше во последните секунди, Струга до важни бодови!

Десеттото коло во македонската ракометна Супер лига донесе различни сценарија на три...

Ракомет

Македонските клубови меѓу регионалната елита – Охрид со најцврста одбрана, Вардар и Пелистер во офанзивниот врв!

Првите два месеци од ракометната сезона 2026/27 донесоа позитивна слика за македонскиот...

Ракомет

Вардар го задржува својот чувар на мрежата – Валах останува до 2028 година!

Вардар 1961 продолжува да го гради тимот за иднината, а еден од...

Ракомет

Два европски меча, една цел – Охрид ја повикува публиката да ја исполни „Билјанини Извори”

Европската приказна на ГРК Охрид продолжува, а следната пречка на патот кон...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!