Прва женска фудбалска лигаФудбал

Шампионот Скопје пресилен, Ана Димитровска сама го реши Вардар, Пелистер до нови три бода

Сподели
Сподели

Вардар никако да победи во новата сезона, откако во рамките на 4. коло на Првата женска фудбалска лига загуби на гостувањето кај Каменица Саса со резултат од 4:2.

„Рударитеки“ стигнаа до своето второ славје, а пак скопскиот тим запиша четврти пораз од толку натпревари и останува единствениот во шампионатот без бодови.

Ана Димитровска сама го декласираше Вардар откако постигна хет-трик, а еден гол постигна Туане Де Соуза Фрагосо, додека пак за гостинот од Скопје двоен стрелец беше Јулија Живиќ.

Кочани и Ас Јунајтед ги поделија бодовите откако двете екипи ремизираа без голови (0:0). За тимот на Кочани ова е првиот бод сезонава, а пак Ас Јунајтед на своето конто има осум бодови со учинок од две победи и две ремија.

Шампионот Скопје без проблеми ја доби Речица со убедливи 4:0. Ивана Милевска и Тамара Атанасовска постигнаа погодоци за двојна предност на полувреме, а во вториот дел Рабија Дервиши постигна два гола за конечни 4:0.



Пелистер стигна до третата радоста откако славеше на домашен терен со 2:0 над Истатов. По чистите мрежи во првиот дел, во второто полувреме Леонора Велкоска постигна гол во 56. минута за водство на домаќинот, а печат на победата стави Марија Стојановска во 67. минута.

Вонредното коло број четири се затвара утре со натпреварот во Тетово меѓу Љуботен и Тиверија Брера.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

По речиси една деценија повторно локално фудбалско дерби во радовишко – Готен и Слога ќе ги одмерат силите во Подареш!

По долги години пауза, радовишкиот фудбал повторно ќе добие локално дерби! Утре, во рамките на шестото коло од Општинската фудбалска лига – Струмица,...

Ракомет

Прилеп убедлив, Бутел славеше во последните секунди, Струга до важни бодови!

Десеттото коло во македонската ракометна Супер лига донесе различни сценарија на три терени – убедлива победа на Прилеп, драматичен триумф на Бутел Скопје...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Поранешниот селектор на Македонија Игор Ангеловски- Мрме го носи Таџикистан во финалето на Кралскиот куп!

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски – Мрме, заедно со...

Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!