Ракомет

„Се боревме до крај!“ – Мате горд на Охрид по лудото дерби!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Охрид и Еурофарм Пелистер одиграа возбудливо дерби на стартот од новата сезона, кое пред полните трибини во „Билјанини Извори“ заврши без победник, 28-28. Доминик Мате беше прво име кај „гладијаторите“ со дури 11 постигнати голови, а токму неговиот погодок во финишот донесе водство од 28-27. Сепак, Пелистер во последната секунда преку Петар Атанасијевиќ успеа да израмни и да освои бод.

Мате одигра одличен натпревар и беше најпрецизниот ракометар на целиот меч. Иако Охрид беше на чекор до победа, гостите успеаја да го искористат последниот напад и да стигнат до реми.

По натпреварот, во изјава за Спортска Мрежа, Мате истакна дека тимот може да биде горд на прикажаното, особено по поразот од Вардар во Супер купот. Тој ја потенцираше борбеноста на Охрид до самиот крај, но и неверојатната атмосфера на трибините.

„Пред сè, честитки за Пелистер бидејќи ни ,,украдоа” бод. Но, ние треба да бидеме горди на себе бидејќи завршивме одлична работа по поразот од Вардар во Супер купот. Така што, секако сакавме да победиме, но…еден бод е исто така добро, не сме поразени. Тоа е голема работа против екипа како Пелистер, така што треба да бидеме горди на себе. Се боревме до крај. Затоа сме навистина среќни и им благодарам на навивачите, беше неверојатно добро да се игра во ваква атмосфера, па ајде вака и да продолжиме понатаму.“- изјави Мате за Спортска Мрежа.

ФОТО: Спортска Мрежа

Охрид ја отвори сезоната со бод во големото дерби, а Мате со своите 11 гола покажа дека ќе биде една од главните офанзивни алки на тимот. „Гладијаторите“ сега ќе го насочат вниманието кон следните предизвици во сезоната.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Естонките ја потврдија доминацијата, Македонија повторно поразена

Естонија уште еднаш ја потврди својата физичка и резултатска надмоќ, овојпат и на гостувањето во Штип. Во спортскиот центар „Џексон“, гостинската репрезентација ја...

ФудбалЧетврта лига

По речиси една деценија повторно локално фудбалско дерби во радовишко – Готен и Слога ќе ги одмерат силите во Подареш!

По долги години пауза, радовишкиот фудбал повторно ќе добие локално дерби! Утре, во рамките на шестото коло од Општинската фудбалска лига – Струмица,...

Поврзани написи
Ракомет

Прилеп убедлив, Бутел славеше во последните секунди, Струга до важни бодови!

Десеттото коло во македонската ракометна Супер лига донесе различни сценарија на три...

Ракомет

Македонските клубови меѓу регионалната елита – Охрид со најцврста одбрана, Вардар и Пелистер во офанзивниот врв!

Првите два месеци од ракометната сезона 2026/27 донесоа позитивна слика за македонскиот...

Ракомет

Вардар го задржува својот чувар на мрежата – Валах останува до 2028 година!

Вардар 1961 продолжува да го гради тимот за иднината, а еден од...

Ракомет

Два европски меча, една цел – Охрид ја повикува публиката да ја исполни „Билјанини Извори”

Европската приказна на ГРК Охрид продолжува, а следната пречка на патот кон...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!