Ракомет

„Среќни сме со бодот и одиме понатаму“ – Кузмановски по драматичното дерби во Охрид!

Сподели
ФОТО: РК Еурофарм Пелистер
Сподели

Охрид и Еурофарм Пелистер одиграа вистинско дерби пред полните трибини во СЦ „Билјанини Извори“, а по 60 минути голема борба резултатот беше 28-28. Битолчани беа пред пораз, но Петар Атанасијевиќ во последната секунда погоди за реми и голем бод од тешкото гостување. Капитенот на Пелистер, Филип Кузмановски, беше најпрецизен во својот тим со 10 погодоци.

ФОТО: РК Еурофарм Пелистер

Кузмановски по натпреварот, во изјава за Спортска Мрежа, го пофали својот тим за прикажаното во тешкиот дуел, но посебно ги истакна навивачите кои направија атмосфера во која гостинскиот состав се чувствувал како да игра на домашен терен. Тој потенцираше дека сезоната допрва започнува, а со оглед на големиот број нови играчи, на тимот му претстои период на адаптација и напорна работа.

„Горд сум на моите момци, навистина. Денес беше тешко да се игра. Морам да ги пофалам уште еднаш навивачите кои навистина ја направија таа атмосфера тука и се чувствувавме како да играме дома. Среќни сме со бодот и одиме понатаму. Ова е само прво коло и треба да работиме напорно, како што кажа нашиот тренер. Верувам дека имаме квалитет, но имаме многу нови играчи кои треба да се адаптираат оваа сезона. Ова е само почетокот од сезоната, секој натпревар ќе биде дерби, на никој нема да му биде лесно и одиме понатаму. Пелистер и нашиот дрес многу ,, тежи ” и се знае кон што тежнееме, во тоа веруваме и одиме понатаму со кренати глави.“- изјави Кузмановски за Спортска Мрежа.

ФОТО: РК Еурофарм Пелистер

Со освоениот бод Пелистер ја отвори сезоната без пораз на едно од потешките гостувања во лигата. Кузмановски, пак, со 10 гола покажа дека повторно ќе биде една од главните фигури во нападот на битолскиот тим, кој сега продолжува со подготовките за следните предизвици.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

По речиси една деценија повторно локално фудбалско дерби во радовишко – Готен и Слога ќе ги одмерат силите во Подареш!

По долги години пауза, радовишкиот фудбал повторно ќе добие локално дерби! Утре, во рамките на шестото коло од Општинската фудбалска лига – Струмица,...

Ракомет

Прилеп убедлив, Бутел славеше во последните секунди, Струга до важни бодови!

Десеттото коло во македонската ракометна Супер лига донесе различни сценарија на три терени – убедлива победа на Прилеп, драматичен триумф на Бутел Скопје...

Поврзани написи
Ракомет

Прилеп убедлив, Бутел славеше во последните секунди, Струга до важни бодови!

Десеттото коло во македонската ракометна Супер лига донесе различни сценарија на три...

Ракомет

Македонските клубови меѓу регионалната елита – Охрид со најцврста одбрана, Вардар и Пелистер во офанзивниот врв!

Првите два месеци од ракометната сезона 2026/27 донесоа позитивна слика за македонскиот...

Ракомет

Вардар го задржува својот чувар на мрежата – Валах останува до 2028 година!

Вардар 1961 продолжува да го гради тимот за иднината, а еден од...

Ракомет

Два европски меча, една цел – Охрид ја повикува публиката да ја исполни „Билјанини Извори”

Европската приказна на ГРК Охрид продолжува, а следната пречка на патот кон...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!