Втора лигаПрва лигаФудбал

ВАР во македонскиот фудбал од следната сезона 2025/2026

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Македонскиот фудбал конечно ќе добие ВАР-технологија, речиси насекаде во Европа има ВАР-технологија, но не и во Македонија.

Тоа што досега немаше ВАР во македонскиот фудбал се должеше и на фактот што немавме судии и стручни лица за работа со истата.

Новиот претседател на ФФМ, Масар Омерагиќ истакна дека ВАР во Македонија ќе има од следната сезона 2025/2026.

„Под итно воведување на ВАР технологија на стадионите. А, потоа и инфраструктура со трибини, рефлектори и терени. Тоа ќе биде еден од приоритетите. Ќе создадеме средина каде што секој играч од грасрут до професионално ниво ќе има пристап до квалитетни терени. Оваа цел заеднички ќе ја оствариме со поддршка на УЕФА И ФИФА, со помош од државните институции и локалната самоуправа“, вели претседателот Омерагиќ.

ВАР-технологијат ќе треба да се примени веќе од следната сезона, бидејќи е потребно време од неколку месеци за имплементирање на истата.

„ВАР ќе има од следната сезона 2025/2026, значи од следната година, затоа што е потребен рок од неколку месеци за обука и инсталирање на тој систем. Меѓутоа сигурно е дека истиот ќе биде подготвен за наредната сезона“, рече новиот претседател на ФФМ.

Конечно и мак-фудбалот ќе добие ВАР-технологија, а тоа е нешто што клубовите го бараат секоја сезона.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Боjаниќ се врати во Охридската Тврдина: „Чудно е да се загревам на спротивната страна“

Средбата со поранешниот клуб секогаш носи посебни емоции, а за Владимир Боjаниќ гостувањето во Охрид беше прилика повторно да се врати во салата...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

(ФОТО) Растодер постигна гол, Мекгин пресуди од пенал: Македонија поразена во Глазгов

Македонската фудбалска репрезентација загуби од Шкотска со 2:1 на „Хампден парк“ во Глазгов, во петтото коло од Б-сегментот на Лигата на нациите. Избраниците...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!