ФудбалФудбалска репрезентација

ОФИЦИЈАЛНО: Масар Омерагиќ нов претседател на ФФМ

Сподели
Фотографија испратена до Спортска Мрежа
Сподели

Фудбалската федерација на Македонија од денес има нов претседател, откаок на вонредното изборно собрание Масар Омерагиќ како единствен кандидат ја доби довербата од сите присутни делегати со акламација.

На почетокот на Собранието свое обраќање имаше поранешниот преседател Муамед Сејдини, за што веќе Спортска Мрежа информираше и пренесе дел од изјавата на Сејдини, а обраќање имаа и претставници на УЕФА и ФАФА.

„Фудбалот е тимска работа. Поединец не може сам. Имам визија и трпение и верувам во добриот тим околу себе. Заедно ќе успееме“, рече новиот претседател на ФФМ, Масар Омерагиќ.

Присутни беа и големи фудбалски имиња ккоа Горан Пандев, Илија Најдовски, Артим Шакири, Агим Ибраими, Ѓорѓи Христов кои ќе бидат вклучени во структурите на ФФМ, а пак Марјан Стојкоски од ОФС Прилеп е избран за потпретседател на ФФМ, кој доаѓа на местото на Лазар Ракиџиев.

Дрилон Ганиу е назначен за в.д. генерален секретар на Фудбалската федерација на Македонија.

На предлог на новиот претседател на ФФМ, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски репрезентативци селекции, Илија Најдоски и Агим Ибраими се назначени за советници во кабитентот на новиот претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Боjаниќ се врати во Охридската Тврдина: „Чудно е да се загревам на спротивната страна“

Средбата со поранешниот клуб секогаш носи посебни емоции, а за Владимир Боjаниќ гостувањето во Охрид беше прилика повторно да се врати во салата...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

(ФОТО) Растодер постигна гол, Мекгин пресуди од пенал: Македонија поразена во Глазгов

Македонската фудбалска репрезентација загуби од Шкотска со 2:1 на „Хампден парк“ во Глазгов, во петтото коло од Б-сегментот на Лигата на нациите. Избраниците...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

(ФОТО) Растодер постигна гол, Мекгин пресуди од пенал: Македонија поразена во Глазгов

Македонската фудбалска репрезентација загуби од Шкотска со 2:1 на „Хампден парк“ во...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Седлоски ги откри картите за Шкотска: Македонија со офанзивно трио на „Хампден парк“

Познати се стартните состави за вечерашната пресметка меѓу Шкотска и Македонија во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!