Ракомет

Томовски повторно блесна, овојпат против Кил: 13 одбрани за македонскиот репрезентативец!

Сподели
ФОТО: SG BBM Bietigheim | facebook
Сподели

Иако Битигхајм не успеа да приреди изненадување против еден од најсилните германски состави, Мартин Томовски повторно покажа дека е во одличен ритам на стартот од новата сезона во Бундеслигата.

Македонскиот репрезентативен голман беше меѓу најзабележителните поединци во домашниот пораз од Кил со 36-28. Томовски ја заврши средбата со 13 интервенции, односно успешност од 27 проценти, но неговиот учинок не беше доволен Битигхајм да му парира на фаворитот.

„Зебрите“ уште во првото полувреме го презедоа резултатот во свои раце и на одмор заминаа со предност од 19-16. Во продолжението гостите дополнително го засилија темпото, па без поголеми проблеми стигнаа до убедлив триумф.

За Томовски, пак, ова беше уште една индивидуално успешна вечер. Македонецот во премиерното коло имаше 15 одбрани, што значи дека по само две средби во најсилната германска конкуренција веќе стигна до вкупно 28 интервенции. Очигледно, бундеслигашкиот старт носи позитивни бројки за македонскиот чувар на мрежата.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Подготвени сме за натпреварот против Швајцарија

Репрезентацијата до 19 години на стартот од турнирот што се одржува во Македонија освои бод откако во првото коло играше без голови во...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Репрезентацијата на Македонија до 21 година поразена во Нови Сад од Србија

Младата репрезентација на Македонија до 21 година претрпе пораз од Србија, 2:0 во пријателскиот натпревар одигран во Нови Сад. Избраниците на Александар Таневски...

Поврзани написи
Ракомет

Младост утре гостува во „Билјанини Извори“ кај Охрид

Ракометарите на Младост утре гостуваат кај фаворитот Охрид во рамките на 10....

Ракомет

Дресот на Дибиров доби место во историјата на Скопје – Вардар со посебен подарок за Музејот!

Во пресрет на 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер пред европскиот испит на сезоната: Битола се мобилизира за Гумерсбах!

Европската сезона на Еурофарм Пелистер влегува во решавачка фаза, а битолчани на...

Ракомет

Горан Кузманоски ја запиша првата победа на Кипар, Строволу броеше до 43!

Македонскиот стратег Горан Кузманоски стигна до првата победа во кипарскиот шампионат со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!