Втора лигаФудбал

ФОТО: Градскиот стадион во Радовиш доби 1.500 нови столчиња донација од ФФМ

Сподели
Сподели

Градскиот стадион во Радовиш добива нов и помодерен изглед, со што условите за следење на фудбалските натпревари во градот се подигнуваат на повисоко ниво. Како дел од подобрувањето на инфраструктурата, стадионот доби 1.500 нови столчиња, донација од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Со поставувањето на столчињата, една од трибините целосно ќе биде подготвена за саботниот натпревар, додека работата на втората трибина ќе продолжи, со план таа да биде комплетирана за еден од следните домашни натпревари.

Од ФК Детонит Плачковица упатуваат благодарност до Фудбалската федерација на Македонија и претседателот Масар Омерагиќ за поддршката и ангажманот во подобрувањето на условите на Градскиот стадион во Радовиш.

Донацијата е уште еден пример за активната поддршка што ФФМ ја насочува кон подобрување на фудбалската инфраструктура низ Македонија, со цел стадионите и спортските објекти да обезбедат подобри услови за клубовите, фудбалерите и навивачите.

Новото лице на стадионот ќе биде промовирано во вистински фудбалски амбиент. Во сабота Детонит Плачковица на домашен терен го пречекува Осогово, во рамките на 4. коло од Втората македонска фудбалска лига.

Со новите трибини и подобрените услови, Радовиш добива уште една причина за поголема посетеност и уште подобра атмосфера на домашните натпревари.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Подготвени сме за натпреварот против Швајцарија

Репрезентацијата до 19 години на стартот од турнирот што се одржува во Македонија освои бод откако во првото коло играше без голови во...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Репрезентацијата на Македонија до 21 година поразена во Нови Сад од Србија

Младата репрезентација на Македонија до 21 година претрпе пораз од Србија, 2:0 во пријателскиот натпревар одигран во Нови Сад. Избраниците на Александар Таневски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Две кола до зимската пауза, пет екипи под притисок — кој може да се оддалечи од опасната зона?

Репрезентативната пауза ја затекнува борбата за опстанок во Втората лига со четири...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера преку Истатов во полуфиналето, Ана Димитровска со четири гола го потона Кочани, домашни победи за Пелистер и Љуботен

Без изненадувања во Купот на Македонија во женска конкуренција, фаворитите лесно обезбедија...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!