Младински фудбалФудбал

ФФМ во Могила го пушти во употреба новиот ФИФА арена

Сподели
Сподели

Во Могила, Битолско, во употреба официјално беше пуштен вториот фудбалски терен во Македонија изграден во рамки на глобалниот проект „FIFA Arena“, иницијатива на ФИФА насочена кон развој на базичниот фудбал и создавање подобри услови за децата и младите.

На отворањето на новиот терен присуствуваа генералниот секретар на Фудбалската федерација на Македонија, Леонид Јандреоски, легендите на македонскиот фудбал Николчe Новески и Ѓорги Христов, градоначалникот на Општина Могила, Драганчо Саботковски, претставници на локалната самоуправа, како и најмладите жители и фудбалери од општината.

По теренот во Босилово, Могила е втората општина во Македонија која добива современ фудбалски терен преку проектот „FIFA Arena“. Новото игралиште ќе биде достапно за локалните фудбалски школи, децата и младите од општината, како и за активностите во рамки на проектот „Фудбал во училишта“.

ФОТО: ФФМ

Во своето обраќање, генералниот секретар на ФФМ, Леонид Јандреоски, истакна дека изградбата на нови терени е директна инвестиција во иднината на македонскиот фудбал и можност повеќе деца да го почувствуваат фудбалот како дел од своето секојдневие.

„Секој нов терен значи нова можност за едно дете. Можност да спортува, да се дружи, да учи што значи тим и да ги направи првите фудбалски чекори во безбедни и квалитетни услови. Токму затоа „FIFA Arena“ е многу повеќе од инфраструктурен проект, ова е инвестиција во децата и во иднината на нашиот фудбал“, изјави Јандреоски.

Тој упати благодарност до ФИФА за поддршката и визијата преку проектот „FIFA Arena“ да се создадат нови можности за децата ширум светот, потенцирајќи дека ФФМ останува посветена на развојот на инфраструктурата и базичниот фудбал во сите делови на Македонија.

„Нашата цел е фудбалот да биде достапен за секое дете, без разлика дали живее во голем град или во мала општина. Босилово беше почетокот, денес е Могила, а нашата работа продолжува. Со секој нов терен создаваме уште едно место каде што децата можат да растат со фудбалот и преку фудбалот“, додаде Јандреоски.

Присуството на македонските фудбалски имиња Николчe Новески и Ѓорги Христов дополнително ја збогати скромната церемонијата, испраќајќи порака дека патот кон големите фудбалски сцени започнува токму од ваквите терени и локалните средини.

ФОТО: ФФМ

„FIFA Arena“ е глобална иницијатива на ФИФА чија цел е изградба на 1.000 нови фудбалски терени ширум светот, со посебен фокус на децата и младите од средини каде што има ограничени можности за пристап до спортска инфраструктура.

„Ова е убав ден за нашата општина и особено за нашите деца. Сакам искрено да се заблагодарам на Фудбалската федерација на Македонија, на претседателот Масар Омерагиќ и на генералниот секретар Леонид Јандреоски за нивната поддршка и за тоа што Могила е дел од оваа значајна иницијатива. Новиот терен е инвестиција која ќе остане за идните генерации и ќе им овозможи на нашите деца да спортуваат, да се дружат и да ги развиваат своите фудбалски таленти. Верувам дека токму од вакви места започнуваат најубавите спортски приказни. Ви благодариме што ја препознавте Могила и што заедно создаваме подобри услови за нашите најмлади“, изјави градоначалникот на Могила, Драганчо Саботковски.

Могила денес доби ново место за фудбал. За најмладите, тоа значи ново место за игра, дружење, развој и можност еден ден токму одовде да тргне некоја нова фудбалска приказна.

ФОТО: ФФМ

Сподели

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Нов пораз за Македонија: Швајцарија убедлива со три гола во Луцерн

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз ги заврши натпреварите во овој циклус од Лигата на нации, откако во Луцерн загуби од Швајцарија со...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига, откако на гостувањето кај Вибжеже Гдањск одигра 31-31 во натпревар со...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

(ФОТО) Кои екипи имаат максимален ефект во Третата лига, а кои разочараа по четири кола?

По четири одиграни кола во шестте региони на Третата македонска фудбалска лига,...

ФудбалФутсал

Шампионот со ново засилување: Проект го претстави Александар Черкезов

Македонскиот футсал шампион Проект го промовираше Александар Черкезов како ново засилување за...

ИнтернационалциФудбал

Игор Ангеловски со голема победа: Таџикистан ја совлада Кина

Игор Ангеловски запиша значаен триумф како селектор на Таџикистан, откако неговата репрезентација...

КупФудбал

КУП: Тиквеш со 13 гола го доби третолигашот Крошу Спорт како на тренинг меч

Тиквеш воопшто не се испоти за да се пласира во осминафиналето од...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!