Ракомет

Вардар во драматичен финиш го совлада Охрид и го освои Суперкупот на Македонија

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Вардар 1961 ја започна новата сезона со трофеј, откако во исклучително возбудливото деветто издание на Суперкупот на Македонија го совлада ГРК Охрид со 32-31 во Гевгелија. „Црвено-црните“ дојдоа до своето петто одличје во ова натпреварување, а дуелот на двата сериозни кандидати за врвот во македонскиот ракомет понуди неизвесност до последните секунди.

Охриѓани одлично го отворија натпреварот и во раната фаза имаа предност од 1-4, но Вардар брзо одговори и со израмнувањето на 4-4 најави дека нема лесно да се откаже од трофејот. Потоа следуваше период во кој двата тима се менуваа во водство, без ниту една екипа да успее да направи посериозна разлика. Во завршницата на првиот дел Вардар ја презеде контролата и со погодок во последните моменти замина на пауза со 17-15.

Вардарци подобро го отворија второто полувреме и успеаја да ја одржуваат предноста, но Охрид повторно покажа карактер. „Гладијаторите“ ја искористија секоја грешка на противникот, како и периодите во кои Вардар играше со играч помалку, па направија пресврт и поведоа со 20-22.

Неизвесноста продолжи и во следниот период, а по 24-24 Охрид повторно стигна до плус два, 25-27. Сепак, Вардар не дозволи натпреварот да му избега од раце. Следуваше одличен период на „црвено-црните“, кои со серија погодоци направија нов пресврт и поведоа со 29-27, а потоа и со 31-29.

Охрид не се предаде и успеа да се врати во игра во самиот финиш. На 40 секунди до крајот резултатот беше израмнет на 31-31, па Вардар имаше напад за победа, но не успеа веднаш да го реализира.



Одлучувачкиот момент се случи на 20 секунди пред истекот на времето. Малус изнуди пенал, а притоа Иванковиќ заработи исклучување. Воркапиќ ја презеде одговорноста и погоди од седум метри за 32-31. Охрид имаше последна можност да стигне до израмнување, но голманот Валах го одбрани обидот на Стрмљан и стави точка на драмата.

За Вардар ова е особено важна победа и поради фактот што тимот претходно двапати беше поразен од Охрид во подготвителниот период, на турнирите „Крсте Андоновски“ и „Струга 2026“. Сега, кога се играше за првиот трофеј во сезоната, составот на Чупиќ покажа најмногу во клучните моменти и му се реваншираше на тимот на Ројевиќ.

Со победата од 32-31, Вардар 1961 го освои Суперкупот на Македонија и со трофеј ја отвори официјалната сезона 2026/27. Охрид, пак, и покрај поразот покажа дека и оваа сезона ќе биде сериозен конкурент во македонскиот ракометен врв.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Седлоски: Сакам да видам верба, тактички добро да стоиме и да одиграме добар натпревар против Шкотска

Македонската репрезентација во Глазгов ја очекува дуелот со Шкотска во рамки на Лигата на нациите. Предводникот на нашиот национален тим, Гоце Седлоски, ја...

Турнири

ФК Кул со четири генерации доаѓа на Ohrid Winter Cup и носи силна конкуренција

Фудбалскиот клуб Кул од Скопје го потврди учеството на Ohrid Winter Cup, доаѓа со дури четири генерации и носи голема конкуренција. Клубот кој...

Поврзани написи
Ракомет

Младост утре гостува во „Билјанини Извори“ кај Охрид

Ракометарите на Младост утре гостуваат кај фаворитот Охрид во рамките на 10....

Ракомет

Дресот на Дибиров доби место во историјата на Скопје – Вардар со посебен подарок за Музејот!

Во пресрет на 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер пред европскиот испит на сезоната: Битола се мобилизира за Гумерсбах!

Европската сезона на Еурофарм Пелистер влегува во решавачка фаза, а битолчани на...

Ракомет

Горан Кузманоски ја запиша првата победа на Кипар, Строволу броеше до 43!

Македонскиот стратег Горан Кузманоски стигна до првата победа во кипарскиот шампионат со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!