Кошарка

Гевгеличанецот Александар Колев ново име во ростерот на КК Кожув

Сподели
ФОТО: КК Кожув
Сподели

КК Кожув Гевгелија продолжува со комплетирањето на ростерот за новата сезона, а најново засилување во составот е 26-годишниот Александар Колев.

Колев, кој е роден во Гевгелија, настапува на позициите 4/5, односно како крилен центар и центар, и ќе биде дополнителна опција за тимот во рекетот. Неговата физичка игра, борбеност и присуство под кошевите треба да му донесат дополнителна цврстина на Кожув во новата сезона.

Интересно е што Александар е брат на капитенот на КК Кожув, Илија Колев, па така кошаркарското семејство Колеви продолжува да биде дел од гевгелискиот клуб.

Со ангажманот на Александар Колев, КК Кожув Гевгелија добива уште една домашна опција во рекетот, а од 26-годишниот кошаркар се очекува со максимален ангажман да придонесе во остварувањето на целите на екипата во сезоната 2026/27.

За гевгеличани, неговото пристигнување има и посебна тежина, бидејќи уште еден домашен играч ќе го носи дресот на Кожув и ќе биде дел од новиот состав кој ќе се обиде да ја претстави Гевгелија во најдобро светло.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

КупФудбал

КУП: Работнички е последниот патник во осминафиналето, откако го декласираше Вардар Неготино со ОСУМ гола

Второлигашот Работнички е последниот патник во осминафиналето од Купот на Македонија откако со убедливи 0:8 славеше над третолигашот Вардар Неготино за пласман во...

Втора лигаФудбал

Љабинот Муслиу е нов тренер на второлигашот Камјани

Второлигашот Камјани го назначи новиот шеф на стручниот штаб, кој ќе го води тимот во понатамошниот дел од првенството. Љабинот Муслиу е нов...

Поврзани написи
Кошарка

Кожув гостува во Штип, дерби на Пелистер и Работнички, Скопје домаќин на Струмица

Третото коло на кошаркарската Суперлига ќе се игра во три дена, истото...

Кошарка

Стартуваше трката за место во Суперлигата, Гостивар броеше до 134, Стојанов блесна со 35 поени!

Со висока ефикасност, убедливи победи и одлични индивидуални настапи започна новата сезона...

Кошарка

Струмица со неверојатен финиш го сруши Пелистер и ја запиша првата победа во Суперлигата!

Кошаркарите на Струмица 2001 ја остварија првата победа во новата сезона на...

Кошарка

МЗТ и Работнички продолжуваат победнички, Куманово го запиша првиот триумф во Суперлигата откако славеше над Штип

Второто коло од новата сезона во МТЕЛ Суперлигата донесе нови возбудувања, пресврти...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!