Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Одбојкарите со три контролни натпревари против Берое 2016 пред Евро Волеј

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Машката сениорска одбојкарска репрезентација на Македонија продолжува со интензивните подготовки пред настапот на Европското првенство.

Избраниците на селекторот Миленковски во следните три дена ќе одиграат три пријателски натпревари против бугарскиот суперлигаш Берое 2016 од Стара Загора.

Првиот натпревар се игра денес, вториот е закажан утре, додека третата контролна средба ќе се одигра во петок. Сите три натпревари ќе се играат во салата „Јане Сандански“ во Скопје.

Контролните дуели со бугарскиот тим ќе бидат одлична можност за селекторот Миленковски да ја провери формата на репрезентативците, да ги испроба тактичките замисли и дополнително да го воигра составот пред настапот на Евро Волеј.

За македонските одбојкари, овие три средби ќе бидат важен дел од завршната фаза на подготовките и можност за подигнување на натпреварувачкиот ритам пред големиот европски предизвик.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Љабинот Муслиу е нов тренер на второлигашот Камјани

Второлигашот Камјани го назначи новиот шеф на стручниот штаб, кој ќе го води тимот во понатамошниот дел од првенството. Љабинот Муслиу е нов...

КупФудбал

КУП: Работнички е последниот патник во четвртфиналето, откако го декласираше Вардар Неготино со ОСУМ гола

Второлигашот Работнички е последниот патник во четвртфиналето од Купот на Македонија откако со убедливи 0:8 славеше над третолигашот Вардар Неготино за пласман во...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Нов пораз за Македонија: Швајцарија убедлива со три гола во Луцерн

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз ги заврши натпреварите во овој циклус...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!