1 минута спортски вестиМагазин

ВИДЕО: Една минута спортски вести на Спортска Мрежа – секоја вечер од 21 часот

Сподели
Сподели

Спортска Мрежа од синоќа го започна новиот проект „Една минута спорски вести“ со што на читателите и гледачите на Спортска Мрежа ќе им се овозможи сите спортски настани да им бидат „спакувани“ во една минута како преглед на дневните настани.

Синоќа во 21 часот беше првото премиерно издание на „Една минута спортски вести“, а веќе вечерва од 21 часот ќе биде второто издание на „Една минута спортски вести“. Нашата цел е да понудиме нешто ново и иновативно, а притоа посветено на македонскиот спорт.

Во следниот период Спортска Мрежа ќе понуди уште неколку интересни содржи кои ќе може да ги следите на нашиот YouTube канал Спортска Мрежа, а за таа цел можете да го посетите нашиот YouTube канал Спортска Мрежа Podcast и секако да го заследите истиот со што ќе можете да ги следите нашите активности.

  • ЕДНА МИНУТА СПОРТСКИ ВЕСТИ НА СПОРТСКА МРЕЖА 21.12.2024:

Во следниот период покрај „Една минута спортски вести“ ќе ја реализираме и емисијата „Спортска Анализа на Спортска Мрежа“ за што дополнително ќе известиме во кои денови и термини истата ќе се емитува.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Ракомет

,,Можеби нашата најдобра партија сезонава“ – Ројевиќ по триумфот над Пелистер!

Охрид продолжува да се наметнува на домашната сцена со своите импресивни настапи. Во 17. коло од македонската Супер лига, тимот на Охрид, вечерва...

Поврзани написи
Втора лигаИнтервјуМагазинФудбал

ИНТЕРВЈУ | „Ако некој ни понудеше 27 бода– ќе мислевме дека многу верува во нас“ – Дарко Крстески

Новаци ја затвори есенската полусезона со најдобар учинок во последната деценија –...

МагазинРакомет

На полувреме со… Дејан Кукуловски-левиот бек на Охридската ракометна Тврдина

Во рубриката „На полувреме со…“ го претставуваме тимот на Охрид во нивната...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!