Останато

Биатлонците на Македонија со солидни резултати во Италија и Швајцарија!

Сподели
Сподели

Избраниците на селекторот Ѓоко Динески се вратија дома со солидни резултати. Изминатиов викенд беа на натпревари од ИБУ Јуниор куп во Реднаун, Италија и Гомс, Швајцарија. Натпреварувачите Петар Гиноски (16 години), Благоја Најденоски (18 години) и Тео Петрушу (17 години) постигнаа солидни резултати во силната конкуренција.

На трката 10 км спринт (се пука лежечки и стоечки, се пука со по 5 куршуми, за секој промашен се трча казнет круг од 150м), најдобар резултат беше на Тео Петрушу 79. место од 114 натпреварувачи од 32 нации во светот. Додека Петар Гиноски беше 88. место , а Благоја Најденоски 92. место.

Селекторот Ѓоко Динески е задоволен од сработено во изјавата за Спортска Мрежа додава дека има голем напредок, но и голем потенцијал на овие млади спортисти.

„Задоволен сум од сработеното, припремите ги искористивме на најдобар можен начин за подигнување на формата. Имаме голем напредок но и голем потенцијал на овие млади спортисти, работиме доста напорно и по новогодишните празници не очекуваат нови натпревари на ИБУ Куп во Банско, Бугарија, Полска и Германија. Биатлонот е специфичен спорт кој бара подеднакво да си добар стрелец и да поседуваш високи спортски и фунционални перформанси. Се надеваме на уште подобри резултати во иднина. Овие млади надежи ветуваат многу и наскоро ќе покажат уште подобри резултати“, вели селекторот Ѓоко Динески за Спортска Мрежа.

Веднаш по новогодишните празници следуваат нови предизвици односно натпревари на ИБУ Куп во Бугарија, потоа Полска и Германија.

Виолета Јанчева за Спортска Мрежа

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Боjаниќ се врати во Охридската Тврдина: „Чудно е да се загревам на спротивната страна“

Средбата со поранешниот клуб секогаш носи посебни емоции, а за Владимир Боjаниќ гостувањето во Охрид беше прилика повторно да се врати во салата...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

(ФОТО) Растодер постигна гол, Мекгин пресуди од пенал: Македонија поразена во Глазгов

Македонската фудбалска репрезентација загуби од Шкотска со 2:1 на „Хампден парк“ во Глазгов, во петтото коло од Б-сегментот на Лигата на нациите. Избраниците...

Поврзани написи
Останато

Министерот за спорт Борко Ристовски оддаде почит на ослободителите на Скопје

Министерот за спорт, Борко Ристовски, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката...

Останато

Безбедноста пред сè: ФПСМ со едукативни предавања за планинарење во зимски услови низ Македонија

Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ), преку својот Центар за стручно...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!