КупФудбалФутсал

Форца преку Бутел до четвртфинале во Купот: Хет-трик за Рамадани, Исмаили двоен стрелец!

Сподели
ФОТО: Futsal Club FORCA
Сподели

Освојувачот на футсал Купот на Македонија, Форца, со 4:6 синоќа славеше триумф над Бутел и со тоа обезбеди четвртфинале и го продолжува патот за одбрана на Куп титулата.

Натпревар каде Бутел одлично парираше, а имаше и минимална предност од 1:0 на полувреме откако гол постигна Филип Јаневски во 11. минута од мечот. Во вториот дел Бутел постигна и два брзи гола за 3:0, откако втор гол постигна Јаневски, а гол даде и Давид Маџунковски.

Фаворитот Форца веднаш реагираше и за кратко време ја наполни мрежата на Бутел за комплетен пресврт на резултат од 3:6, откако Таулант Исмаили постигна два гола, а пак Берат Рамадани хет-три за четири минути, а стрелец на еден гол беше и Јасир Зекири, со што потврди дека квалитетот е голем, а Форца и без многу мака лесно стигна до комплетен пресврт.

Во финишот на мечот Манџунковски со гол во финишот ги постави конечните 4:6.

ВЕЧЕРВА ВО 21 ЧАСОТ НА YOUTUBE НА СПОРТСКА МРЕЖА – ЕДНА МИНУТА СПОРТСКИ ВЕСТИ

Црвен картон во 27. минута од мечот заработи претставникот на Бутел, Давор Калиноски, поради неспортско однесување, како што е заведено во официјалниот записник од мечот.

Досега четвртфинале обезбедија Балкан, Шкупи и Кратово, како и освојувачот Форца, денес и утре ќе ги добиеме сите патници за четвртфиналето.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Боjаниќ се врати во Охридската Тврдина: „Чудно е да се загревам на спротивната страна“

Средбата со поранешниот клуб секогаш носи посебни емоции, а за Владимир Боjаниќ гостувањето во Охрид беше прилика повторно да се врати во салата...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

(ФОТО) Растодер постигна гол, Мекгин пресуди од пенал: Македонија поразена во Глазгов

Македонската фудбалска репрезентација загуби од Шкотска со 2:1 на „Хампден парк“ во Глазгов, во петтото коло од Б-сегментот на Лигата на нациите. Избраниците...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!