КупФудбалФутсал

Второлигашот Балкан преку пенали го исфрли прволигашот Кеги Моби од футсал Купот на Македонија!

Сподели
ФОТО: АРХИВА
Сподели

Вечерва и второлигашот Балкан обезбеди следна фаза од футсал Купот на Македонија, односно се чекираше во четвртфиналето, откако преку пенал рулетот го исфрли прволигашот Кеги Моби од Велес.

Регуларниот дел заврши без победник со по четири гола на двете страни (4:4). Пајтим Реџепи, Фетим Балиќи, Џењал Мјаку и Ибрахими Алији беа стрелци за домашниот тим, додека пак за велешкиот тим Александар Божинов беше двоен стрелец, а по еден гол постигнаа Адил Адиловиќ и Александар Костов.

Во пенал серијата екипата на Балкан беше подобра со 4:3 и со тоа патува во четвртфиналето од Купот. Колку за потсетување екипата на Балкан има амбиции за влез во Првата лига и како што веќе информиарше Спортска Мрежа тимот промовираше квалитетни засилувања за таа цел.

  • ЕДНА МИНУТА СПОРТСКИ ВЕСТИ НА СПОРТСКА МРЕЖА 21.12.2024

Со овој триумф екипата на Балкан уште еднаш ги потврдува своите високи цели, но воедно и потврдува дека има квалитет за пролетната борба за освојување на првите две места во Втората лига кои директно водат кон Прва лига.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Боjаниќ се врати во Охридската Тврдина: „Чудно е да се загревам на спротивната страна“

Средбата со поранешниот клуб секогаш носи посебни емоции, а за Владимир Боjаниќ гостувањето во Охрид беше прилика повторно да се врати во салата...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

(ФОТО) Растодер постигна гол, Мекгин пресуди од пенал: Македонија поразена во Глазгов

Македонската фудбалска репрезентација загуби од Шкотска со 2:1 на „Хампден парк“ во Глазгов, во петтото коло од Б-сегментот на Лигата на нациите. Избраниците...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!