Прва лигаФудбал

Шкендија Арачиново бара враќање на победничкиот пат против Башкими

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Екипата на Шкендија Арачиново ја очекува нов тежок предизвик во 5. коло од Првата македонска лига. Дебитантот во елитата гостува во Куманово, каде што ќе ги одмери силите со Башкими во обид да дојде до позитивен резултат.

По поразот од Струга Трим Лум на стартот од сезоната, тимот од Арачиново влезе во подобар ритам, освојувајќи бод против Силекс во Скопје (1-1), а потоа приреди и големо изненадување со победата над Тиквеш во Кавадарци (0-1). Сепак, поразот од Арсими со 0-2 на стадионот во Чаир ја прекина позитивната серија и ја врати потребата од дополнително засилување на тимот.

Раководството на клубот реагираше брзо и во финишот од преодниот рок донесе три нови имиња, по едно во секоја линија од тимот.

Во нападот пристигна 29-годишниот Ремзифаик Селмани, искусен голгетер кој во кариерата настапуваше за Шкендија Тетово, Ренова, Беса Добридол, Гостивар и Арсими. Од него се очекува да донесе поголема ефикасност и дополнителна свежина во офанзивата.

Одбраната е засилена со Абдул Руватубјаје, дефанзивец кој добро ги познава условите во македонскиот фудбал, со оглед на претходните настапи за Шкупи и АП Брера.

Во средниот ред, пак, се враќа Амир Нухију, од кого во Арачиново очекуваат поголема креативност, идеја и разновидност во играта.

Со трите нови засилувања, Шкендија Арачиново се надева дека ќе ја стабилизира формата и ќе дојде до нови бодови во продолжението од сезоната. Првата можност е уште денеска, на гостувањето кај Башкими во Куманово.

Натпреварот ќе се игра на стадионот во Куманово со почеток во 16:30 часот. Главен судија ќе биде Стојанче Трпчевски.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Јован Качевски ќе го суди дербито меѓу Љуботен и Скопје, Никола Петковски ќе им суди на Истатов и Кочани

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на дербито на 11. коло на Првата женска фудбалска лига во Тетово, меѓу лидерот Љуботен...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шест победи, но нов противник: Македонија против Луксембург го отвора патот кон десеттото ЕП

Македонската ракометна репрезентација има совршен биланс против Луксембург — шест победи во шест меѓусебни натпревари. Во среда, од 19 часот во „Борис Трајковски“,...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Пукна „петарда“ во Кавадарци: Шампионот Проект убедлив против Клими, два гола за Трајче Димитриев

Македонскиот футсал шампион стигна до четвртата сезонска победа од толку натпревари откако...

ФудбалФутсал

Форца со шест гола го декласираше Бутел, Јасир Зекири со хет-трик

Поранешниот шампион Форца стигна до лесна и висока победа откако во гости...

Прва лигаФудбал

Струга си отвори пат до врвот: по победата над Вардар, следува директен дуел со Шкендија

Струга Трим Лум ја искористи шансата што стоеше како можност: со победата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!