Ракомет

Младост 1977 со победа го затвори подготвителниот период пред стартот на Суперлигата!

Сподели
Сподели

Ракометарите на Младост од Богданци со победа ги завршија подготовките пред стартот на новата сезона во Суперлигата 2026/27, откако во последниот контролен натпревар славеа над МРК Куманово со 23:19.

Пред полната сала „Млаз“, домашниот состав одигра борбен, дисциплиниран и цврст натпревар во одбраната, а на полувреме Младост имаше предност од 11:8.

Богданчани продолжија во ист ритам и во вториот дел, во кој успеаја да ја зголемат предноста и до седум голови разлика, со што го скршија отпорот на гостите. Во завршницата тренерот Горан Андоновски им даде шанса и на дел од кадетите и пионерите, кои добија дополнително искуство пред стартот на сезоната. Младост на крајот заслужено славеше со 23:19 и на најдобар можен начин го заокружи подготвителниот период.

По враќањето во македонската ракометна елита, Младост 1977 влегува во новата сезона со голема мотивација и позитивна атмосфера. Подготовките се завршени, тестовите се зад тимот, а сега следува она за што се работеше цело лето – Суперлигата 2026/27!

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Јован Качевски ќе го суди дербито меѓу Љуботен и Скопје, Никола Петковски ќе им суди на Истатов и Кочани

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на дербито на 11. коло на Првата женска фудбалска лига во Тетово, меѓу лидерот Љуботен...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шест победи, но нов противник: Македонија против Луксембург го отвора патот кон десеттото ЕП

Македонската ракометна репрезентација има совршен биланс против Луксембург — шест победи во шест меѓусебни натпревари. Во среда, од 19 часот во „Борис Трајковски“,...

Поврзани написи
Ракомет

Ројевиќ не ги заборава успесите со Војводина: Поранешниот клуб му посвети посебна порака!

Репрезентативната пауза донесе и средба со минатото за тренерот на ГРК Охрид,...

Ракомет

Охриѓани со густ распоред во ноември: Пет натпревари, европски двомеч и големо дерби во Битола!

Ракометарите на ГРК Охрид ги очекува исклучително  напорен ноември, во кој ќе...

Ракомет

Вардар го сопре Пелистер, но следниот противник е само два бода зад него

Вардар со победата од 31:23 над Еурофарм Пелистер остана единствениот непоразен состав...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!