Прва лигаФудбал

Максимов: Време е да почнеме да освојуваме бодови и на гостински терен!

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

По гостувањата кај Вардар и Шкендија, за Брегалница следува уште едно исклучително тешко гостување – кај Струга ТЛ. Распоредот не беше нималку наклонет кон штипјани, кои во првите пет кола мораа да се соочат со трите најдобри екипи од минатата сезона.

Брегалница досега нема освоено бод на гостински терен, па денешното гостување во Струга е нова можност за „сините“ да го прекинат негативниот тренд и да стигнат до првите бодови надвор од својот терен.

Екипата од Штип е свесна дека мора да почне да освојува бодови и на гостувањата, особено ако сака да остане конкурентна во првенството. Досега сите шест освоени бодови Брегалница ги освои на домашен терен, со победите над Арсими и Башкими.

„Солидно ја почнавме сезоната, но мораме да почнеме да земаме бодови и на гостувањата. Свесни сме дека утре се среќаваме со добра екипа, која е тешка да се победи особено на нејзин терен, но ние ќе влеземе во натпреварот со бистри глава и со една цел – победа. Брегалница мора да биде трпелива и концентрирана во текот на сите 90 минути, и грешките да ги сведе на минимум“, рече Методи Максимов.

Крилниот фудбалер потенцира дека е задоволен од настапите откако се врати во Штип.

„Задоволен сум од моите изданија, одигра три меча на кои запишав 1 гол и две асистенции, и се надевам дека ќе продолжам со добрите партии“, рече Максимов.

Фудбалерот на Брегалница вели дека целта е да бидат меѓу првите пет екипи во сезоната.

„Нашата цел е да бидеме во горниот дел на табелата. Дома играме добро, остваривме две победи, а на гости имавме тежок распоред, игравме со двете најдобри екипи, а сега играме и со третата најдобра екипа. Но, јас се надевам дека ќе почнеме да освојуваме бодови и на гостински терен“, вели Максимов.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Македонија со тројца претставници на Младинските олимписки игри во Дакар 2026

Македонија ќе има тројца свои претставници на Младинските олимписки игри во Дакар каде што младите спортски надежи ќе имаат можност да го покажат...

Втора лигаФудбал

Беласица непоразена, но со седум ремија: Работнички пред незгоден тест во трката за врвот

Десеттото коло во Втората македонска фудбалска лига носи различни предизвици за водечките екипи. Охрид гостува кај последнопласираниот Шкупи, Пелистер го пречекува Детонит Плачковица,...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Беласица непоразена, но со седум ремија: Работнички пред незгоден тест во трката за врвот

Десеттото коло во Втората македонска фудбалска лига носи различни предизвици за водечките...

Прва лигаФудбал

Пет бода меѓу првите четири: Вардар и Струга во директна пресметка, Шкендија на испит во Штип

Дванаесеттото коло во Првата македонска фудбалска лига може повторно да ја промени...

КупФудбал

ФК Вардар поднесе жалба за неправилен настап на фудбалер на Тиквеш

На 29 октомври 2026 година, во Фудбалската федерација на Македонија пристигнала жалба...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!