Трета лигаФудбал

Формиран новиот клуб ГФК Победа, ќе игра во Трета лига регион 4

Сподели
Сподели

Клубот е создаден со јасна визија и цел повторно да се изгради силен фудбалски колектив кој со гордост, посветеност и амбиција ќе го претставува градот.

Идејата за формирање на клубот е иницирана од Робертино Илиоски, кој ќе ја извршува функцијата претседател на ГФК Победа. Во раководната структура како членови се именувани Игор Стеванов, Роберт Талески, Валентин Колевски и Иванчо Младеновски, кои заедно со Илиоски ќе го поставуваат темелот на новиот прилепски фудбалски проект.

На чело на стручниот штаб ќе биде Филип Мирчевски, кој ќе има задача да го предводи тимот и да ја постави играчката и спортската визија на клубот.

Посебен акцент ќе биде ставен и на младинскиот погон. Тони Наумоски ќе биде задолжен за регрутација и развој на младите категории, со посебен фокус на пионерите и кадетите. Во рамки на клубот ќе бидат вклучени и младите фудбалери од генерациите 2010, 2011 и 2012, кои ќе добијат можност да се натпреваруваат, да се развиваат и во иднина да бидат основата на сениорскиот тим.

ГФК Победа уште од самиот почеток најавува проект кој нема да биде насочен само кон резултатите, туку и кон создавање сопствена база на млади и перспективни фудбалери. Целта е постепено да се гради стабилен клуб кој ќе има препознатлив идентитет и ќе биде достоен претставник на прилепскиот фудбал.

Новоформираниот ГФК Победа својата прва сезона ќе ја започне во Третата македонска фудбалска лига, од каде што ќе го започне патот кон остварување на амбициите и повторно враќање на Прилеп меѓу фудбалските центри во Македонија.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Клими го декласираше Железарец: Давид Крстески со четири гола, Горан Коцевски двоен стрелец

Клими забележа убедлива победа од 8:3 над повратникот Железарец на домашен терен за комплетирање на третото коло на Првата футсал лига. Давид Крстески...

РакометРакометна репрезентација

Двајца бисери на ГРК Охрид со репрезентативен повик – Спироски и Трајчески се иднината на клубот!

ГРК Охрид продолжува да потврдува дека во своите младински категории располага со квалитетни ракометни таленти. Јован Спироски и Илија Трајчески добија повик за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Клими го декласираше Железарец: Давид Крстески со четири гола, Горан Коцевски двоен стрелец

Клими забележа убедлива победа од 8:3 над повратникот Железарец на домашен терен...

Втора лигаФудбал

Беласица непоразена, но со седум ремија: Работнички пред незгоден тест во трката за врвот

Десеттото коло во Втората македонска фудбалска лига носи различни предизвици за водечките...

Прва лигаФудбал

Пет бода меѓу првите четири: Вардар и Струга во директна пресметка, Шкендија на испит во Штип

Дванаесеттото коло во Првата македонска фудбалска лига може повторно да ја промени...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!