ФудбалФутсал

Познати судиите за денешниот меч на Проект против Врхника

Сподели
Сподели

Македонскиот футсал шампион Проект денеска од 17:30 часот го очекува вториот натпревар во претквалификациската група А од Лигата на шампионите, против словенечкиот шампион Врхника.

За дуелот во Bluebox Arena во Грац веќе се познати и службените лица кои ќе ја делат правдата.

Главен судија ќе биде Лаурентиу Илие од Сан Марино, додека Срѓан Михајловиќ од Србија ќе ја има улогата на втор судија.

Трет судија ќе биде Олга Пављут од Белорусија, а мерач на време ќе биде Даниел Штаубер од Австрија.

За контролор е делегиран Иван Новак од Хрватска, додека делегат на УЕФА ќе биде Андреа Фарабини од Италија.

Службени лица:

🇸🇲 Главен судија: Лаурентиу Илие

🇷🇸 Втор судија: Срѓан Михајловиќ

🇧🇾 Трет судија: Олга Пављут

🇦🇹 Мерач на време: Даниел Штаубер

🇭🇷 Контролор: Иван Новак

🇮🇹 Делегат на УЕФА: Андреа Фарабини

Проект денеска ќе бара позитивен резултат по вчерашниот пораз од домаќинот Грац, а пред македонскиот шампион е нова можност за важни бодови во борбата за пласман во следната фаза. Врхника убедливо го доби шампионот на Израел, Макаби Нетанја.

🇲🇰 ПРОЕКТ – ВРХНИКА 🇸🇮

📅 27 август 2026

🕠 17:30 часот

🏟️ Bluebox Arena, Грац

Спортска Мрежа повторно ќе биде со македонскиот шампион во Грац и ќе го следи натпреварот од лице место.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Доне Ристовски ќе го суди дербито меѓу Тиверија Брера и Каменица Саса, Вјолца Изеири главна на мечот меѓу Вардар и Ас Јунајтед

Утре со три натпревари ќе се отвори 11. коло на Првата женска фудбалска лига, а ќе биде комплетирано на 3 ноември со два...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонската женска фудбалска репрезентација од 17 години го освоија второто место го групата

Репрезентацијата до 17 години во женска конкуренција во последниот натпревар на квалификацискиот турнир за пласман на Европското првенство против селекцијата на Велс играше...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Давид Калпачки успешно опериран, следува долг период на рехабилитација и враќање на фудбалските терени

Фудбалерот на штипска Брегалница, Давид Калпачки, успешно го заврши оперативниот зафат по...

Втора лигаФудбал

Бењамин Ќерими главен во Битола, Крумислав Ѓорѓиев ќе го суди дербито меѓу Работнички и Беласица

Утре со три натпревари се отвара 10. коло на Втората македонска фудбалска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!