Прва лигаФудбал

ВИДЕО: Шкендија остана максимална во ПМФЛ, Ибраими од пенал донесе победа над Струга

Сподели
ФОТО: Принтскрин
Сподели

Шкендија продолжува со перфектен учинок во новата сезона од Првата македонска фудбалска лига. Тетовци во дербито од четвртото коло ја совладаа Струга Трим Лум со 2-1 и со четири победи од исто толку натпревари останаа единствениот тим со максимален број бодови.

Натпреварот на „Петар Милошевски“ во Скопје донесе борба и неизвесност до самиот крај. Шкендија прва го пронајде патот до мрежата во 29. минута, кога Албин Зејнулаи испрати одлично нафрлување, а Фахд Нзенгуе со глава погоди за 1-0.

Напаѓачот на тетовци можеше многу брзо да постигне и втор погодок, но неговата реализација во 35. минута беше поништена поради офсајд, што беше потврдено и по ВАР проверката.

Струга во вториот дел заигра поагресивно и успеа да го израмни резултатот. Во 58. минута, по прекршокот на Флорент Рамадани над Буњамин Шабани, главниот судија по интервенција од ВАР покажа на белата точка. Христијан Малески ја презеде одговорноста и со силен удар реализираше за 1-1.



По израмнувањето, Шкендија постепено го зголеми притисокот и почна повторно да ја контролира играта. Во завршницата тетовци добија нова можност од пенал, откако Арби Воша го фаулираше Нзенгуе во шеснаесетникот. И овојпат следуваше ВАР проверка, по која беше потврдена најстрогата казна.

Одговорноста ја презеде Бесарт Ибраими, кој во 86. минута беше сигурен од белата точка за 2-1.

Струга во преостанатите минути се обиде да стигне до ново израмнување, но Шкендија успеа да го сочува водството и да стигне до голема победа.

По четири кола, Шкендија има 12 бода од можни 12, додека Струга останува на седум бодови и го претрпе првиот пораз во сезоната.



Сподели

Не пропуштајте

Останато

Кенијците доминираа, Дарио Ивановски трет на Скопскиот маратон

Кенискиот атлетичар Дерик Чеге Њороге е победник на 22. издание на Скопскиот маратон, кој вчера се одржа на улиците во главниот град пред...

Останато

Милијана Рељиќ со бронза на Албанија Г1 Опен во Тирана, нови бодови за светската ранг-листа

Најдобрата македонска таеквондистка Милијана Рељиќ освои бронзен медал на Албанија Г1 Опен во Тирана, продолжувајќи со одличните настапи на меѓународната сцена. Рељиќ турнирот...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Готен пред верната публика во Подареш го декласираше Илинден од Добрејци со ШЕСТ гола

Четвртолигашот Готен од радовишкото село Подареш продолжува со подготовките за враќањето на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!