Ракомет

Реконструкција е во завршна фаза: Како изгледаше СРЦ „25 Мај“ во Радовиш, како изгледа сега?

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Во тек е завршната фаза на реконструкцијата на СРЦ „25 Мај“ во Радовиш, каде веќе се поставува новиот под, а во наредните денови ќе бидат поставени и новите столчиња на двете трибини.

Директорката Лолита Арсова која гостуваше во Спортска Мрежа, истакна дека претходниот под бил направен од пластика и бетон, а сега се поставува модерен под кој ќе ги задоволува сите ЕХФ стандарди. Новите столчиња ќе бидат фиксни, а салата ќе може да прими до 2.000 гледачи.

Со оваа реконструкција, салата која е изградена во поранешна Југославија ќе добие нов, современ изглед и ќе биде значително подобрена во однос на условите, со што ќе се осигурат подобри услови за спортување и за гледачите.

Целокупниот проект за реконструкција на спортската сала е вреден околу 20 милиони денари, средства кои ги обезбеди Министерството за спорт. Покрај тоа, Општина Радовиш ќе направи дополнителни вложувања за уште подобри услови во самата сала.

Реконструкцијата на спортската сала се очекува да заврши до крајот на следната недела, по што објектот ќе биде повторно пуштен во употреба.

Спортската сала во Радовиш, која е отворена во 1986 година, има вкупна површина од 3.968 м2, а комплексот располага со голема сала од 1.126 м2 и мала сала од 400 м2.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

ВИДЕО: Пролетер со лото победа, Клик Гевгелија со десет гола ја „разнесе“ Десива Транспорт

Вечерва започна овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ со два мечеви кај јуниорите и два мечеви во сениорска конкуренција. Турнирот...

Кошарка

Струмица ФМП убедлива против Ролинг во градското кошаркарско дерби!

Убедлива победа за кошаркарите на Струмица ФМП во градското дерби со Ролинг од 97:55, во рамки на 8. коло од Првата кошаркарска лига...

Поврзани написи
Ракомет

Мулти Есенс со убедлива победа над Драчево Јуниор

Екипата на Мулти Есенс стигна до 11-тата сезонска победа во Првата ракометна...

Ракомет

Алкалоид пресилен за Радовиш, Бутел се враќа во трка за плејоф, Прилеп со трет триумф

Ново суперлигашко коло донесе убедливи победи, драматични финиши и големи индивидуални партии....

Ракомет

Македонија ЃП го покоси Вардар среде Неготино и го оддалечи од Суперлигата!

Македонија ЃП приреди вистинско изненадување и среде Неготино го совлада фаворизираниот Вардар...

Ракомет

(ВИДЕО) ИСТОРИЈАТА Е ИСПИШАНА: Младост од Богданци е есенски шампион без пораз!

Ракометниот клуб Младост од Богданци испиша нова златна страница во својата богата...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!