МагазинСМ Поткаст

Спортска Мрежа со директорката на СРЦ „25 Мај“ Лолита Арсова: Реконструкција на подот и трибините!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Во новото издание на Спортска Мрежа Podcast гостуваше директорката на СРЦ „25 Мај“ во Радовиш, Лолита Арсова со која зборувавме за реконструкцијата која ќе следи на подот и трибините во овој спортски храм.

Спортската сала во Радовиш била пуштена во употреба во далечната 1986 година, а со реконсткруцијата оваа спортска убавица ќе добие вистински сјај. Овој спортски храм располага со многу простории, таму се сместени пинг понг клубот Радовиш кој настапува во Суперлигата, маи таи кикбокс клуб, голема теретана, која ќе добие уште поголем простор за уште подобри услови, всушност ова е една од најстарите теретани во Македонија, која постои 40 години.

На трибините сегашните столчиња ќе бидат заменети со нови фиксни столчиња со што капацитетот во големата сала ќе биде над 2.000 гледачи.

Погледнете го целиот разговор со директорката Лолита Арсова, која дава одговор на многу прашања поврзани со СРЦ „25 Мај“ и што всушност ќе се реконстуира, за следни проекти со цел многу подобри услови за сите.

  • СПОРТСКА МРЕЖА PODCAST СО ЛОЛИТА АРСОВА, ДИРЕКТОРКА НА СРЦ „25 МАЈ“:

Спортската сала во Радовиш е вистински спортски храм кој е пуштен во употреба во 1986 година, со вкупна површина од 3,968 м2. Самиот комплекс располага со голема сала со големина од 1.126 м2 и мала сала со површина од 400 м2 и капацитет од 160 гледачи.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Соколи 1933 го засили ростерот со Костоски и Александровски!

КК Соколи 1933 продолжува со создавањето на конкурентен состав за новата сезона, а штипскиот клуб во своите редови донесе две искусни македонски имиња...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Марија Бојкова се врати во ЖФК Кочани

Прволигашот Кочани кој минатата сезона преку бараж избори опстанок се засили со Марија Бојкова, која е повратничка во редовите на поранешниот шампион на...

Поврзани написи
МагазинФудбалФутсал

ВИДЕО: „Судиско продолжение“ – нова емисија на Спортска Мрежа посветена на македонскиот фудбал

Спортска Мрежа започнува со нова спортска емисија – „Судиско продолжение“, која ќе...

ИнтервјуМагазинРакомет

Ориол Реј Моралес: „Охрид секогаш ќе биде во моето срце!“

Шпанскиот дефанзивец- Ориол Реј Моралес ја заврши својата успешна епизода во ГРК...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!