Ракомет

Вардар Неготино со искусен стратег ќе атакува на враќање во Супер лигата: Аце Станковски седна на клупата

Сподели
ФОТО: МРК Куманово
Сподели



ГРК Вардар Неготино и официјално го назначи Аце Станковски за нов шеф на стручниот штаб, откако искусниот македонски стратег во последен момент постигна договор со раководството на клубот и ја одржа првата прозивка со ракометарите во спортската сала при СОУ „Св. Кирил и Методиј“.

Иако како сериозна опција за тренерската функција се споменуваше и Игор Котевски, неготинскиот клуб на крајот се одлучи довербата да му ја укаже на Станковски, тренер кој добро ја познава средината бидејќи и претходно го предводеше клубот од Неготино.

Последниот тренерски ангажман Станковски го имаше во МРК Куманово, каде покрај работата со сениорскиот тим беше вклучен и во развојот на младинските категории. Како играч остави длабока трага во македонскиот и југословенскиот ракомет, настапуваше за репрезентациите на Македонија и поранешна Југославија, а еден од неговите најголеми успеси е бронзениот медал освоен на Светското младинско првенство во 1985 година.

Минатата сезона Вардар Неготино амбициозно влезе во трката за враќање во Супер лигата, но со текот на сезоната тимот излезе од победничкиот ритам и не успеа да остане во конкуренција за највисок пласман, завршувајќи ја сезоната на петтото место во Првата лига.



Во новата сезона целите повторно се високи. Во Неготино веќе започнаа со создавање тим кој ќе може сериозно да конкурира за промоција во македонската ракометна елита, а ангажманот на Аце Станковски е јасен показател за амбициите на клубот.

Според информациите на Спортска Мрежа, раководството веќе работи и на засилување на играчкиот кадар, при што се остваруваат контакти со повеќе ракометари кои би можеле да го облечат дресот на Вардар Неготино во претстојната сезона. Со искусен тренер и најавените засилувања, клубот ќе се обиде повторно да се вклучи во битката за место во Супер лигата.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Штип УГД тргнува по нов трофеј: Суперкупот е првата станица кон одбрана на двојната круна

Нова сезона, нови предизвици и нова можност за трофеј за Штип УГД. Шампионот на Македонија утре во Тетово ќе го одигра Суперкупот, со...

ФудбалФутсал

Никола Анчевски се врати дома: Анче повторно во дресот на шампионот Проект

Шампионот Проект во еден ден претстави три нови засилувања, по промоциите на Андреј Коцевски и Кирил Неделков, тимот од Јосифово го претстави повратникот...

Поврзани написи
Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

РакометРакометна репрезентација

Македонија со познати термини за битката за ЕП 2028!

Македонската ракометна репрезентација во ноември ќе го започне патот кон Европското првенство...

Ракомет

Еурофарм Пелистер се рехабилитира со убедлива победа кај Бутел

Еурофарм Пелистер вчера стигна до сигурна победа во Супер машката лига, откако...

Ракомет

Томовски повторно ,,непробоен ѕид”: 14 одбрани против Фуксе Берлин!

Мартин Томовски продолжува да ја потврдува својата одлична форма во Бундеслигата. Македонскиот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!