Кошарка

Македонија во центарот на вниманието: Светски познатиот креатор на улична кошарка Мат Киатипис пристигнува на шестдневна турнеја

Сподели
Сподели



Од 10 до 15 август 2026 година, Македонија ќе биде домаќин на еден од најатрактивните и најавтентични спортско-културни проекти реализирани во регионот, во организација на „Лолипоп ентертаинмент груп“. За првпат во Македонија пристигнува светски познатиот изведувач на улична кошарка и еден од највлијателните креатори на кошаркарска содржина во светот, Мат Киатипис (MK – MKIATIPS).

Тој ќе биде дел од шестдневната турнеја „Macedonia Takeover – MK in MK“, проект кој ги обединува спортот, музиката, културата, гастрономијата и дигиталните медиуми во едно уникатно искуство. Мат Киатипис е препознатлив по своите спектакуларни кошаркарски настапи, милионските прегледи на содржините што ги објавува на социјалните мрежи и соработките со некои од најголемите светски брендови. Неговата содржина редовно достигнува десетици милиони луѓе ширум светот, што го позиционира како еден од највлијателните амбасадори на современата кошарка и дигиталната креаторска култура.

Сепак, овој проект не претставува само спортски настан. Главната цел на турнејата е преку глобално препознатлив креатор да се претстави Македонија пред светската јавност, како земја со богата култура, традиција, гастрономија, музика и исклучително гостопримство. Во текот на шесте дена ќе се создава оригинална содржина која ќе биде објавувана преку платформите „Instagram“, „TikTok“ и „YouTube“, со потенцијал да достигне милиони органски прегледи кај публика од целиот свет.

Во рамките на турнејата ќе бидат организирани три големи јавни кошаркарски настани – во Скопје, Куманово и Охрид, како и снимање музички проект, продукција на музички видеоспот, промотивни активности, посета на најпознатите македонски знаменитости и презентација на македонската гастрономија и винската традиција. Настанот во Скопје ќе се реализира во координација со Кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје, кој оваа година одбележува 60 години од своето постоење и претставува една од најзначајните институции во македонската кошарка.



Активностите во Куманово ќе се реализираат во соработка со MM Sport, додека организацијата на настанот во Охрид ќе биде поддржана преку партнерство со Inex Olgica, како дел од заедничката визија за промоција на Македонија преку спортот, туризмот и современата дигитална комуникација. Организаторите очекуваат повеќе од 10.000 посетители на трите настани, како и повеќе од 5 милиони органски прегледи на содржините создадени за време на турнејата, со дополнително засилување преку домашни и регионални влијателни лица и медиуми.

„Macedonia Takeover – MK in MK“ претставува прв проект од ваков тип во Македонија, кој ја поврзува кошарката со дигиталната креаторска сцена, а амбицијата е тој да прерасне во традиционален меѓународен настан кој секоја година ќе привлекува светски познати личности, креатори и спортисти.

Проектот е фантастична можност Македонија да се претстави пред светот на современ, автентичен и глобално препознатлив начин – преку приказни, луѓе и содржини кои природно го привлекуваат вниманието на милионска публика.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со...

Кошарка

ГКК Штип го шокираше Пелистер среде Битола, МЗТ Скопје сигурен во градското дерби – Работнички останува лидер!

Шестото коло од МТЕЛ кошаркарската Суперлига донесе голема гостинска победа на ГКК...

Кошарка

Работнички преживеа драма со Кожув за шеста победа, Тиквеш со голем пресврт ја освои Струмица!

Шестото коло од МТЕЛ кошаркарската Суперлига донесе два интересни натпревари со неизвесни...

Кошарка

Вардар и Бадел без пораз по четири кола, Крива Паланка го доби дербито со Баскет Кам – следува битка за врвот!

Вардар и Бадел 1862 продолжуваат со максимален ефект во „Шпаркасе Лајф“ Првата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!