ФудбалФутсал

Партизан Југ преку Ангелески го декласираше Енхалон, Кораби пресилен за Конзули!

Сподели
ФОТО: АРХИВА
Сподели

Екипата на Партизан Југ во Брвеница со 8:1 го декласираше тимот на Енхалон од Струга на крилата на Ивица Ангелески кој беше стрелец на четири погодоци.

По еден гол за домашниот тим постигнаа Илија Јанкулоски, Стефан Апостолоски, Даниел Јандриески и Даниел Радески, додека пак за тимот од Струга единствен стрелец беше Бојан Јанкоски.

Тимот на Кораби не виде проблем на мечот со Конзули од Битола, па лесно стигна до триумф од 7:3. За домаќинот двојни стрелци беа Един Мерсовски и Октај Беќири, а пак по еден гол постигнаа Ерџан Мало, Емил Лимнаовски и Дарко Блажевски. За тимот од Битола двоен стрелец беше Петар Крцоски, а еден гол беше дело на Марјан Јовановски.

Дополнително ќе направиме преглед на табелата во Втората футсал лига и кои се најдобри стрелци.

Извештајот за останатите натпревари од 9. коло кој е веќе објавен на Спортска Мрежа можете да го прочитате овде.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Ракомет

,,Можеби нашата најдобра партија сезонава“ – Ројевиќ по триумфот над Пелистер!

Охрид продолжува да се наметнува на домашната сцена со своите импресивни настапи. Во 17. коло од македонската Супер лига, тимот на Охрид, вечерва...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

По шест месеци Беласица и Анатолиј Петејчук се разделија

Второлигашот Беласица и Анатолиј Петејчук по шест месеци се разделија. Струмичани започнуваат...

ФудбалФутсал

Што се случува со прволигашот Шкупи – тимот не допатува во Кавадарци за мечот со Клими?

Натпреварот од осмото коло на Првата футсал лига меѓу Клими и Шкупи...

ИнтернационалциФудбал

Игор Ангеловски си поднесе оставка по серијата порази на клупата на Етникос Акна

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски си поднесе оставка по...

Младински фудбалФудбал

Македонија ЃП водечка по првиот дел од сезоната во Пионерската Супер лига

Во последниот натпревар од првиот дел на сезоната во Пионерската Супер лига,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!