ФудбалФутсал

Овче Поле на крилата на Дамјан Благоевски го доби дербито со Балкан, СЕЕ Университи до сигурна победа!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Екипата на Карадаку на домашен терен беше поразена од СЕЕ Университи со резултат од 0:3. Зеќирија Османи беше двоен стрелец, а стрелец на третиот гол беше Самир Рамадани.

Како што веќе информираше Спортска Мрежа вчера екипата на Кратово со 8:5 славеше над Каршиака.

Мал Ајакс на домашен терен забележа триумф откако во Спортската сала при СОУ „Коле Нехтенин“ со 8:3 беше убедлив над ССК Скопје. Мамудов и Белчовски беа двојни стрелци, а по еден гол постигнаа Стојанов, Тиквешанец, Дурмишов и Трајанов. За гостинската екипа стрелци беа Ѓуровски и Цветановски, а пак Стојов од штипскиот тим си постигна автогол.

Ланскиот прволигаш Овче Поле го доби дербито со Балкан, откако славеше со 4:6 на гостински терен, важен и голем триумф за тимот од Свети Николе.

Победата добива на тежина што е обезбедина на гостински терен, а секако и преку пресврт, бидејќи домашниот тим имаше 2:1 на полувреме.

Голгетерот Ибрахим Алији имаше хет-трик, а пак Пајтим Реџепи си постигна автогол. За тимот од Свети Николе Дамјан Благоевски беше стрелец на четири гола, а Давид Бојковски постигна еден гол, ддоека пак Икица Јованов си постигна автогол.

Колото се комплетира со два меча Партизан Југ во Брвеница ќе го пречека Енхалон, а пак Кораби ќе игра со Конзули од Битола.

Во однос на табелата Мал Ајакс е на врвот со 24 бодови, на второто место е Овче Поле со 18 бодови, колку што има и Балкан кој е трет, но со тоа што тимот на Балкан има меч помалку во однос на тимот од Штип и Свети Николе.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Подготвени сме за натпреварот против Швајцарија

Репрезентацијата до 19 години на стартот од турнирот што се одржува во Македонија освои бод откако во првото коло играше без голови во...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Репрезентацијата на Македонија до 21 година поразена во Нови Сад од Србија

Младата репрезентација на Македонија до 21 година претрпе пораз од Србија, 2:0 во пријателскиот натпревар одигран во Нови Сад. Избраниците на Александар Таневски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Две кола до зимската пауза, пет екипи под притисок — кој може да се оддалечи од опасната зона?

Репрезентативната пауза ја затекнува борбата за опстанок во Втората лига со четири...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера преку Истатов во полуфиналето, Ана Димитровска со четири гола го потона Кочани, домашни победи за Пелистер и Љуботен

Без изненадувања во Купот на Македонија во женска конкуренција, фаворитите лесно обезбедија...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!