Трета лигаФудбал

Огромно засилување за Илинден: Промовиран Бурхан Алији

Сподели
ФОТО: ФК Илинден
Сподели

Амбициозниот третолигаш Илинден продолжува квалитетно да го засилува својот ростер за предизвиците во Трета лига регион 1, каде целта ќе биде шампионскиот пехар и бараж за Втора лига.

Најново име во тимот на Горан Симов е искусниот Бурхан Алији, 36-годишникот последно настапуваше за Шкендија Арачиново, а низ неговата кариера беше дел од Башкими, Силекс, Охрид, Еуромилк ГЛ, Гостивар, Дрита Боговиње, тетовска Шкендија, Тетекс и Милано Куманово, а пак меѓународна кариера градеше во Косово настапувајќи за Лириа и Велазерими.

Со ангажманот на Алији, Илинден значително го засилува редниот ред со фудбалер кој зад себе има огромно искуство, креативец со одлично фудбалско знаење, кој треба да биде главен адут во трката за влез во Втора лига.

Како тргна градењето на оваа фудбалска приказна, дефинитивно Илинден ќе биде меѓу главните фаворити и меѓу сите шест региони, а како најголем предизвик ќе му биде БВК Коњаре бидејќи ќе биде директен конкурент.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Дрита испука „петарда“, Гостивар со висока победа од шест гола, Лирија до голема победа

Второто коло во Трета лига регион 6 донесе многу погодоци на сите натпревар, а единствениот меч без погодоци беше дуелот на Доброшти и...

Трета лигаФудбал

Каришиќ и Алимоски го „расплакаа“ Вардар Неготино – победа за Големо Коњари, Превалец и Венец до големи победи

Превалец се израдува на домашна победа од 3:0 над Ултрас, со што го поправи впечатокот по големиот пораз во првото коло. До победа...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Илинден со „лото“ над Ржаничино, реми без голови на Студеничани и Беса Сарај, три бода за Аеродром

Фаворитот Илинден славеше висока победа од 7:1 над Ржаничино на домашен терен...

Трета лигаФудбал

ФОТО: Речица славеше во Старо Нагоричане, Куманово до голема победа, три бода за Беса од Слупчане

Куманово ја оправда фаворитската улога со висока победа од 4:1 над Липково...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!