Останато

Ристовски и Христов ќе ја делат правдата на Медитеранските игри во Таранто

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Најискусните македонски одбојкарски судии со значка на ЦЕВ, Влатко Ристовски и Јосип Христов, ќе бидат дел од официјалните лица на 20. Медитерански игри, кои ќе се одржат од 21 август до 3 септември во Таранто, Италија.

Ристовски и Христов се меѓу судиите кои ќе ја делат правдата на машкиот и женскиот одбојкарски турнир. Македонија на Игрите ќе има свој претставник само во женска конкуренција.

Нивната номинација за Медитеранските игри е уште едно признание за успешната меѓународна сезона. Влатко Ристовски годинава беше делегиран на шест натпревари во европските купови на ЦЕВ, а ја имаше и улогата на прв судија на полуфинален натпревар од машкиот Челинџ куп.

Од друга страна, Јосип Христов зад себе има одлична сезона на меѓународната сцена. Покрај судењето на полуфинале во натпреварување под капата на ЦЕВ, ова лето беше ангажиран и во натпреварите од Европската лига 2026.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Гаје: Мора да ги искористиме шансите и да ја сочуваме мрежата

Шкендија на домашен терен го пречекува големиот ривал Вардар во дерби-пресметка во која тетовци ќе атакуваат на нови три бода. Шкендија посакува да...

Прва лигаФудбал

Шкендија – Вардар: големо дерби во Гостивар, битка за бодови и престиж

Македонскиот фудбал денеска носи едно од најинтересните соочувања во домашното првенство. Шкендија и Вардар ќе ги одмерат силите во дербито од Првата македонска...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Министерот Борко Ристовски го пречека светскиот карате шампион Марко Џорлев

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска во Министерството за спорт го пречека...

Останато

ФОТО: Подновена маркацијата на патеката Зла Страна – Карбула, планинарите со предупредување за тешкиот терен

Комисијата за планинарски патеки при Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ)...

Останато

Стартуваа и кадетите, одиграни првите турнири

По стартот на натпреварувањето во младинските машки и женски лиги, од викендов...

Останато

Македонскиот шампион Штип УГД поразен на дебито во Лигата на шампион, првакот на Холандија максимален

Македонскиот одбојкарски шампион УГД Штип го имаше своето историско деби во Лигата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!