Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонските одбојкарки до 20 години ги дознаа ривалите во квалификациите за ЕП 2027

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Женската репрезентација на Македонија до 20 години ги дозна противниците во групната фаза од Зонските квалификации за Европското првенство 2027. Македонските одбојкарки ќе се натпреваруваат во група со домаќинот Босна и Херцеговина, Романија и Белорусија.

Во другата група ќе играат Србија, Турција, Бугарија и Русија. Со одлука на Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ), Русија и Белорусија, иако не се членки на Балканската одбојкарска асоцијација (БВА), ќе учествуваат во првата рунда од т.н. Зонски квалификации.

Турнирот ќе се одржи од 19 до 23 август во Мостар, каде што македонската селекција ќе се обиде да ја мине првата квалификациска фаза и да обезбеди место во втората рунда, која е закажана за периодот од 21 до 24 јануари 2027 година.

Македонија настапот ќе го отвори на 19 август со натпревар против Романија, кој започнува во 12:00 часот. Во второто коло, на 20 август од 14:30 часот, избраничките ќе се сретнат со Белорусија, а групната фаза ќе ја затворат на 21 август со дуел против домаќинот Босна и Херцеговина, со почеток во 19:30 часот.

Натпреварите за пласман ќе се одиграат на 22 и 23 август, но сè уште не е утврдено колку репрезентации ќе обезбедат место во втората квалификациска рунда. Конечната одлука ќе зависи од бројот на пријавени селекции во останатите пет зонски квалификациски турнири.

Избраничките на Македонија ги започнаа подготовките во понеделник, а пред нив е речиси едномесечен период за темпирање на формата пред еден од најважните предизвици за оваа генерација.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Гаје: Мора да ги искористиме шансите и да ја сочуваме мрежата

Шкендија на домашен терен го пречекува големиот ривал Вардар во дерби-пресметка во која тетовци ќе атакуваат на нови три бода. Шкендија посакува да...

Прва лигаФудбал

Шкендија – Вардар: големо дерби во Гостивар, битка за бодови и престиж

Македонскиот фудбал денеска носи едно од најинтересните соочувања во домашното првенство. Шкендија и Вардар ќе ги одмерат силите во дербито од Првата македонска...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Женската кадетска репрезентација ги започна подготовките, Македонија ќе игра против Турција и Грција

Женската кадетска ракометна репрезентација на Македонија ги започна подготовките за настапот во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!