Ракомет

Вечерва се игра големото ракометна дерби: Шампионот Еурофарм Пелистер го пречекува Вардар!

Сподели
ФОТО: РК Еурофарм Пелистер
Сподели

Вечерва во 18 часот ќе се одигра најголемото ракометна дерби помеѓу шампионот Еурофарм Пелистер и Вардар, во полната сала „Боро Чурлевски“, која беше распродадена за рекордни седум минути.

Во салата ќе бидат и двете навивачки групи „Чкембари“ и „Комити“, а тоа ќе ја „запали“ атмосферата до максимум во битолската сала.

На првата пресметка Вардар беше подобар со 27:24 против шампионот во СЦ „Јане Сандански“ тогаш Владо Недановски го водеше Вардар, а пак Бранко Ангеловски го водеше Еурофарм Пелистер, но вечерва ќе има ново тренери на клупите.

За првпат еден против друг ќе се соочат Раул Алонсо и Гиљермо Милано.

Најдобрите наши судии ќе ја делат правдата Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, а делегати ќе бидат Марјан Начевски и Драган Начевски.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20...

Ракомет

Картите пуштени во продажба: Охрид ги повика навивачите да бидат „осми играч“ против Олимпијакос

Ракометниот клуб Охрид официјално ги пушти во продажба билетите за реванш натпреварот...

Ракомет

Втор повик за нови ракометни судии – рокот е до 31 март

Здружение на ракометни судии на Македонија објави втор повик за пријавување на...

Ракомет

Атлетик ја задржа Богојеска: младата репрезентативка останува до 2029

ЖРК Атлетик продолжува со градење на стабилен и перспективен тим, откако левиот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!