Прва лигаФудбал

Вардар се засили со Михал Пинтер кој доаѓа од редовите на Шкупи

Сподели
Сподели

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар го претстави првото зимско засилување за пролетниот дел од Првата македонска фудбалска лига.

Михал Пинтер е нов играч на Вардар, а словачки интернационалец доаѓа од редовие на Шкупи, практично тој останува и понатаму во Скопје. 30-годишникот игра на централната дефанзивна позиција, а во дресот на Шкупи има одиграно 42 натпревари во Првата лига.

Во минатото Пинтер настапуваше за екипите на Татран и Вион Злате Моравце, а беше дел од сите младински селекции на репрезентацијата на Словачка.

Вардар со 13 бодови есенскиот дел го заврши во опасната зона односноа на претпоследното 11. место, а во пролетниот дел ќе води борба за директен и сигурен опстанок.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен кандидат за првото место пред зимската пауза. Со 28 бода има...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој треба да се одиграат на 25 март 2027 година. Ждрепката посака...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!