Турнири

ФОТО: Серта Конче со „петарда“, Црна Река победи, па загуби од Вила Клепало која прокнижи две победи во Ораовица

Сподели
Сподели

Вечерва продолжија возбудувањата на турнирот во мал фудбал „Ораовица 2026“, а вечерта стартуваше со висока победа на Серта Конче, откако со 5:2 го „збриша“ тимот на Ефенџан Мечо.

Во вториот меч Црна Река без проблеми го декласираше Изведен со висок резултат од 3:8, а потоа „пумпашите“ од Кавадарци загубија од Вила Клепало со резултат од 2:0.

Во четвртиот меч екипата на Вила Клепало одигра уште еден меч, а овој пат се соочи со Оливер Промет, а исходот беше уште еден триумф за Клепало од 4:3.

Спортска Мрежа и годинава е медиумски покровител на овој спортски настан, кој традиционално по десетти пат се одржува во радовишкото село Ораовица.

Утрешната програмата нуди четири натпревари

20:00 часот Вила Клепало – Изведен
21:00 часот Фенербахче – Вила Клепало
22:00 часот ФАФА Транспорт – Гринс Ресторан
23:00 часот Вергови – ФАФА Транспорт

Претходно, во 19 часот ќе се одигра меч кај младите со натпреварот меѓу Милд и Маркет Удобс.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Соколи 1933 го засили ростерот со Костоски и Александровски!

КК Соколи 1933 продолжува со создавањето на конкурентен состав за новата сезона, а штипскиот клуб во своите редови донесе две искусни македонски имиња...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Марија Бојкова се врати во ЖФК Кочани

Прволигашот Кочани кој минатата сезона преку бараж избори опстанок се засили со Марија Бојкова, која е повратничка во редовите на поранешниот шампион на...

Поврзани написи
Турнири

Отворени пријавите за Ohrid Winter Cup – четири дена фудбал, дружење и натпревари на „Билјанини Извори“

Охрид во декември ќе биде домаќин на уште еден голем младински фудбалски...

Турнири

Меморијалниот турнирот во Дебреште влегува во возбудлива фаза, од утре стартува осминафиналето

Заврши групната фаза на меморијалниот турнир во мал фудбал „Алмир Ибески –...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!