ИнтернационалциФудбал

Македонскиот шампион ЖФК Скопје елиминиран од Лигата на шампионите

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Македонскиот женски шампион ЖФК Скопје не успеа да ја мине првата пречка во квалификациите за Лигата на шампионите, откако во Полска беше поразен од ирскиот првак Атлоне со убедливи 4-0.

Ирскиот состав уште во првото полувреме направи значајна предност. Шона Бренан го отвори резултатот во 19. минута, а пред паузата Ноел Мареј зголеми на 2-0, со што Атлоне направи голем чекор кон пласманот во следната рунда.

Во вторите 45 минути македонскиот претставник се обиде да пружи посилен отпор, но противникот повторно беше поефикасен. Дана Шериф и Михаела Ханд ја затресоа мрежата на ЖФК Скопје и ги поставија конечните 4-0.

Со овој пораз, ЖФК Скопје го завршува настапот во квалификациите за најелитното европско клупско натпреварување, додека шампионот на Ирска обезбеди пласман во следната квалификациска фаза од Лигата на шампионите.

Сподели

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Готен пред верната публика во Подареш го декласираше Илинден од Добрејци со ШЕСТ гола

Четвртолигашот Готен од радовишкото село Подареш продолжува со подготовките за враќањето на фудбалската сцена, а во последниот пријателски натпревар пред стартот на сезоната...

Останати репрезентацииРепрезентација

(ФОТО) Историски успех за Изабела Зајков: Бронза на Светското првенство во самбо!

Голем успех за македонското самбо и македонскиот спорт! 15-годишната радовишанка Изабела Зајков освои бронзен медал на Светското првенство во самбо за кадети, кое...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Готен пред верната публика во Подареш го декласираше Илинден од Добрејци со ШЕСТ гола

Четвртолигашот Готен од радовишкото село Подареш продолжува со подготовките за враќањето на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!