Овој викенд ќе се одиграат натпреварите од 9. коло на Втората футсал лига. Колото ќе се отвори во сабота со натпреварот меѓу Кратово и Каршиака, израмнет дуел каде домашниот тим кој влезе во победнички ритам ќе бара нова победа.
Во недела ќе се одиграат четири натпревари. Мал Ајакс во Штип ќе го пречека тимот на Балкан, а пак Кораби во Дебар ќе игра против Конзули од Битола.
Ланскиот прволигаш Карадаку на домашен терен ќе игра против тетовски СЕЕ Универсиит, а пак дербито на колото го играат Балкан и Овче Поле.
Екипата на Балкан како што веќе информираше Спортска Мрежа има амбиции за влез во Прва лига, уште од сега го гради тимот и финансискиот костур. Екипата на Овче Поле минатата сезона настапуваше во Првата лига, а сега сака експресно да се врати во Прва лига, па повеќе од јасно е дербито на колото меѓу лидерот Балкан и третопласираниот Овче Поле.
Колото ќе се комплетира во понедленик меѓу Партизан Југ и струшки Енхалон во Брвеница.