Прва лигаФудбал

Скопје го промовираше новиот тренер: Муарем Муарем ќе ги води „пиратите“ во новата сезона

Сподели
Сподели



Македонскиот прволигаш Скопје влегува во ново поглавје пред стартот на сезоната 2026/27. Клубот официјално го промовираше Муарем Муарем за нов шеф на стручниот штаб, кој на клупата ќе го наследи Александар Таневски.

Скопје најпрво му се заблагодари на Таневски за сè што направи во изминатиот период. Под негово водство „пиратите“ од Автокоманда успеаја да обезбедат враќање во Првата македонска фудбалска лига, а новата сезона ја започнуваат на 25 јули со тешко гостување кај актуелниот вицешампион Шкендија.

Новиот стратег на Скопје е 37-годишниот Муарем Муарем, добро познато име во македонскиот фудбал. Како тренер претходно ги предводеше Работнички, Башкими и Гостивар, а сега добива нов предизвик на клупата на Скопје. Покрај богатата играчка кариера и настапите за македонската репрезентација, Муарем се враќа во клубот каде остави силен белег, овојпат во тренерска улога.



Во неговиот стручен штаб ќе биде и Енес Ќаили, кој ќе ја извршува функцијата помошник тренер.

Од клубот со емотивна порака се збогуваа со Александар Таневски, а воедно му посакаа добредојде на новиот стручен штаб.

„Пред да ја отвориме новата страница и да тргнеме во нови победи, сакаме да упатиме огромна и искрена благодарност до досегашниот шеф на стручниот штаб, Александар Таневски. Му благодариме за неговиот исклучителен професионализам, неуморна работа, посветеност и за сите заеднички моменти и битки кои ги поминавме заедно на теренот. Александар, ти посакуваме многу здравје, среќа и уште поголеми успеси во твојата понатамошна тренерска кариера! Вратите на нашиот клуб за тебе се секогаш отворени. Со големо задоволство и гордост го претставуваме новиот лидер на нашиот тим. Нов шеф на стручниот штаб е добро познато фудбалско име – Муарем Муарем! Како наш поранешен истакнат фудбалер кој добро го познава менталитетот и вредностите на клубот, но и како поранешен репрезентативец кој со гордост го носеше националниот дрес на Македонија, Муарем со себе носи огромно меѓународно и домашно искуство, победнички карактер и визија за модерен фудбал. Неговото враќање во клубот, овој пат во нова улога, веруваме дека ќе донесе нова енергија и нови успеси. Во реализацијата на новите цели, десна рака на Муарем ќе му биде Енес Ќаили, кој официјално се приклучува како помошник тренер. Неговата стручност, амбиција и фудбалско знаење ќе бидат непроценливо засилување за нашиот стручен штаб и за развојот на нашите фудбалери. Силно веруваме во овој нов проект и во капацитетот на нашиот нов стручен штаб. На Муарем и Енес им посакуваме топло добредојде, многу среќа, мирна работа и заеднички да прославиме уште многу успеси и победи на теренот“, велат од клубот.

Со назначувањето на Муарем Муарем, Скопје започнува нов проект со јасна цел – успешно враќање и стабилизирање во прволигашката конкуренција, а првиот испит за новиот стручен штаб ќе биде гостувањето кај Шкендија на отворањето на новата сезона.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

„Среќни сме со бодот и одиме понатаму“ – Кузмановски по драматичното дерби во Охрид!

Охрид и Еурофарм Пелистер одиграа вистинско дерби пред полните трибини во СЦ „Билјанини Извори“, а по 60 минути голема борба резултатот беше 28-28....

Ракомет

„Се боревме до крај!“ – Мате горд на Охрид по лудото дерби!

Охрид и Еурофарм Пелистер одиграа возбудливо дерби на стартот од новата сезона, кое пред полните трибини во „Билјанини Извори“ заврши без победник, 28-28....

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Второлигашот Кожуф се засили со младиот Благој Стојчев

Второлигашот Кожуф од Гевгелија се засили со младиот Благој Стојчев, кој доаѓа...

Втора лигаФудбал

Пелистер сигурен против Работнички, Брера славеше над Македонија ЃП

Со два дуели на лански прволигаши се затвори четвртото коло на Втората...

Прва лигаФудбал

Брегалница се раздели со стручниот штаб, без објаснување за причините

Фудбалскиот клуб Брегалница донесе одлука за прекин на професионалниот ангажман на стручниот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!