Ракомет

По историската титула – почнува новата мисија на ГРК Охрид

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

По историската сезона во која го освои првиот европски трофеј, ГРК Охрид на 24 јули ќе ги започне подготовките за новите предизвици. „Гладијаторите“ ја комплетираа екипата за сезоната 2026/27 и со 22 ракометари ќе влезат во новото поглавје, во кое ќе се обидат да ги повторат успесите од минатата година.

Првата прозивка на тренерот Борис Ројевиќ е закажана за 24 јули, кога официјално ќе стартуваат подготовките за новата натпреварувачка сезона.

Охриѓани ги очекува исклучително напорна сезона. Покрај борбата за највисок пласман во Супер Лигата и Купот на Македонија, „гладијаторите“ повторно ќе настапуваат и на европската сцена, каде ќе имаат дополнителен мотив – да го одбранат трофејот во ЕХФ Европскиот куп, освоен минатата сезона. Тимот ќе биде дел и од Регионалната лига, каде во групната фаза ќе се соочи со Вардар, Војводина, Динамо Панчево и Будва.

Во однос на тимот што ја освои европската титула, Охрид претрпе неколку промени. Клубот се раздели со Владимир Бојаниќ, Дејан Кукуловски, Ориол Реј Моралес, Кристијан Пилиповиќ и Косуке Јасухира, додека нови имиња во ростерот се Дино Славиќ, Доминик Мате, Шуичи Јошида, Адама Кеита, Мартин Карапалевски, Мартин Ивановски, Филип Талески и Никола Зечевиќ.

ФОТО: ГРК Охрид

Најзвучни засилувања се хрватскиот репрезентативен голман Дино Славиќ, македонскиот долгогодишен репрезентативец Филип Талески и унгарскиот репрезентативец Доминик Мате, од кои се очекува да имаат значајна улога во играта на охридскиот состав. Тие ќе треба да ја зголемат конкуренцијата на сите позиции и да му помогнат на тимот да остане на самиот врв во македонскиот ракомет.

Иако охриѓани по историската сезона аплицираа за вајлд-карта за настап во Европската лига, Европската ракометна федерација не го прифати барањето, па клубот и оваа сезона ќе настапува во ЕХФ Европскиот куп како актуелен освојувач на трофејот.

ФОТО: ГРК Охрид

Со комплетиран состав и јасно поставени амбиции, ГРК Охрид наскоро ќе ги започне подготовките за новата сезона. Пред Ројевиќ и неговите избраници е уште една година исполнета со големи предизвици, а целта е јасна – да се задржи местото во врвот на македонскиот ракомет и повторно да се остави силен печат на европската сцена.

ФОТО: ГРК Охрид



Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11. коло од Пионерската суперлига. Дуелот се игра в четврток, 5 ноември,...

Втора лигаФудбал

Охрид го брани врвот, Пелистер чека кикс: три различни испити за водечките во Втората лига

Еден бод ги дели Охрид и Пелистер пред 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Охрид има 25 бода, Пелистер 24, а Работнички...

Поврзани написи
Ракомет

Општина Конче испишува нова спортска приказна: Младите ракометари на РК Феникс ја бодреа Македонија од трибините!

Руралната општина Конче продолжува со поддршката и развојот на спортот, а благодарение...

РакометРакометна репрезентација

Кадетите на Македонија со две проверки против младинската репрезентација

ЕХФ неделата ќе донесе меѓусебни дуели меѓу македонските кадетски и младински ракометари....

РакометРакометна репрезентација

ФОТО: Сè е подготвено за Луксембург – Македонија го одработи последниот тренинг!

Македонската машка ракометна репрезентација ги привршува подготовките за почетокот на квалификацискиот циклус...

Ракомет

Ројевиќ не ги заборава успесите со Војводина: Поранешниот клуб му посвети посебна порака!

Репрезентативната пауза донесе и средба со минатото за тренерот на ГРК Охрид,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!