Прва лигаФудбал

Прволигашот Арсими се засили со Фисник Зука

Сподели
Сподели

Прволигашот Арсими од Чегране продолжува со засилувањата за новата сезона, а најново име кое доаѓа во „жолто-црното“ семејство е дефанзивецот Фисник Зука, кој доаѓа од редовите на Башкими од Куманово.

Се работи за 30-годишен фудбалер кој покрај за Башкими настапуваше и за Гостивар, Македонија ЃП, Ренова и Шкупи, а меѓународна кариера градеше во Албанија настапувајќи за Фламуртари.

„30-годишниот фудбалер потпиша едногодишен договор со жолто-црните, одлучувајќи да го облече овој дрес и покрај бројните понуди што ги имаше во летниот преоден рок. За нашиот тим ќе биде дополнително оружје како на теренот, така и надвор од него, благодарение на неговото богато искуство и силен карактер“, велат од клубот.

Во Првата македонска фудбалска лига има 236 натпревари, а во Купот бележи еден меч.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Седлоски го објави списокот на фудбалери за дуелите со Шкотска и Словенија

Македонската фудбалска репрезентација ќе ги одигра последните два натпревари од групната фаза во УЕФА Лигата на нации против Шкотска и Словенија, а селекторот...

ИнтернационалциФудбал

Чурлинов погоди по пет минути, но Погон остана без бодови и заврши со деветмина

Дарко Чурлинов повторно се запиша меѓу стрелците во полското првенство, но неговиот ран погодок не беше доволен за успех на Погон Шчечин. Македонскиот...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Чурлинов погоди по пет минути, но Погон остана без бодови и заврши со деветмина

Дарко Чурлинов повторно се запиша меѓу стрелците во полското првенство, но неговиот...

ФудбалФутсал

Пукна „петарда“ во Кавадарци: Шампионот Проект убедлив против Клими, два гола за Трајче Димитриев

Македонскиот футсал шампион стигна до четвртата сезонска победа од толку натпревари откако...

ФудбалФутсал

Форца со шест гола го декласираше Бутел, Јасир Зекири со хет-трик

Поранешниот шампион Форца стигна до лесна и висока победа откако во гости...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!