ФудбалЧетврта лига

По долги години фудбалот се враќа во Зубово – ФК Струмешница повторно ќе настапува во Општинската лига

Сподели
Сподели



По подолг период, фудбалот повторно ќе се игра во село Зубово. ФК Струмешница и официјално се реактивира и од претстојната сезона ќе се натпреварува во Општинската фудбалска лига во Струмица, со што се враќа долгогодишната фудбалска традиција во ова струмичко село.

Повторното активирање на клубот е овозможено благодарение на поддршката од Општина Ново Село, како и на локалните компании и општествено одговорни луѓе кои ја препознаа важноста на спортот и создавањето подобри услови за младите. Со враќањето на Струмешница, неделите повторно ќе бидат резервирани за фудбалски возбудувања и натпревари во Зубово.

Во наредниот период клубот ќе ги објави составот на екипата, стручниот штаб, како и планот за подготовките и пријателските натпревари.

Првиот контролен натпревар е веќе закажан. На 19 јули (недела), со почеток од 18:00 часот во Зубово, ФК Струмешница ќе одигра пријателски натпревар против екипата на ФК Радово, што ќе биде прва можност навивачите повторно да го видат својот клуб на терен.

„Со големо задоволство ја известуваме јавноста дека ФК Струмешница – с. Зубово повторно се враќа на фудбалските терени и од претстојната сезона ќе се натпреварува во Општинската фудбалска лига. Повторното активирање на клубот е овозможено благодарение на поддршката од Општина Ново Село, како и на локалните компании и општествено одговорни луѓе кои ја препознаа важноста на спортот и развојот на младите. Во наредниот период ќе следуваат информации за составот на екипата, стручниот штаб и распоредот на пријателски натпревари. Ги покануваме сите наши навивачи, поранешни фудбалери, пријатели и поддржувачи да бидат дел од ова ново поглавје и заедно да ја вратиме фудбалската традиција во село Зубово“, велат од клубот.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Чурлинов погоди по пет минути, но Погон остана без бодови и заврши со деветмина

Дарко Чурлинов повторно се запиша меѓу стрелците во полското првенство, но неговиот ран погодок не беше доволен за успех на Погон Шчечин. Македонскиот...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Јован Качевски ќе го суди дербито меѓу Љуботен и Скопје, Никола Петковски ќе им суди на Истатов и Кочани

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на дербито на 11. коло на Првата женска фудбалска лига во Тетово, меѓу лидерот Љуботен...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Чурлинов погоди по пет минути, но Погон остана без бодови и заврши со деветмина

Дарко Чурлинов повторно се запиша меѓу стрелците во полското првенство, но неговиот...

ФудбалФутсал

Пукна „петарда“ во Кавадарци: Шампионот Проект убедлив против Клими, два гола за Трајче Димитриев

Македонскиот футсал шампион стигна до четвртата сезонска победа од толку натпревари откако...

ФудбалФутсал

Форца со шест гола го декласираше Бутел, Јасир Зекири со хет-трик

Поранешниот шампион Форца стигна до лесна и висока победа откако во гости...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!