Ракомет

Вардар го дозна првиот европски предизвик – италијански Бриксен Судтирол на патот во ЕХФ Европскиот куп

Сподели
ФОТО: ЖРК Вардар
Сподели

Женскиот ракометен клуб Вардар ги дозна противниците за новата европска сезона, откако денеска во седиштето на Европската ракометна федерација во Виена беше одржана ждрепката за второто коло од ЕХФ Европскиот куп.

На враќањето на европската сцена, „црвено-црните“ ќе се соочат со италијанскиот претставник Бриксен Судтирол, во двомеч кој ќе одлучува за пласман во следната рунда од натпреварувањето.

Првиот натпревар е закажан за 3 или 4 октомври во Италија, додека реваншот ќе се одигра 10 или 11 октомври во Скопје. Вардар, како носител во ждрепката, ќе има можност пред својата публика да го игра решавачкиот натпревар.

Победникот од овој двомеч ќе обезбеди место во третото коло на ЕХФ Европскиот куп, каде ќе му се приклучат уште десет екипи кои се директно пласирани во оваа фаза.

Покрај Вардар, Македонија ќе има уште еден претставник во ова натпреварување. Екипата на Чаир поради својот европски коефициент е директно пласирана во третото коло, а својот противник ќе го дознае по завршувањето на втората рунда и ждрепката закажана за 13 октомври.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Јован Качевски ќе го суди дербито меѓу Љуботен и Скопје, Никола Петковски ќе им суди на Истатов и Кочани

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на дербито на 11. коло на Првата женска фудбалска лига во Тетово, меѓу лидерот Љуботен...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шест победи, но нов противник: Македонија против Луксембург го отвора патот кон десеттото ЕП

Македонската ракометна репрезентација има совршен биланс против Луксембург — шест победи во шест меѓусебни натпревари. Во среда, од 19 часот во „Борис Трајковски“,...

Поврзани написи
Ракомет

Ројевиќ не ги заборава успесите со Војводина: Поранешниот клуб му посвети посебна порака!

Репрезентативната пауза донесе и средба со минатото за тренерот на ГРК Охрид,...

Ракомет

Охриѓани со густ распоред во ноември: Пет натпревари, европски двомеч и големо дерби во Битола!

Ракометарите на ГРК Охрид ги очекува исклучително  напорен ноември, во кој ќе...

Ракомет

Вардар го сопре Пелистер, но следниот противник е само два бода зад него

Вардар со победата од 31:23 над Еурофарм Пелистер остана единствениот непоразен состав...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!